1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хамбургер, Херта и Штутгарт во второто коло од УЕФА

30 септември 2005

Три од петте германски преставници во годинешните натпревари од купот на УЕФА ги продолжуваат натпреварите во фудбалска Европа. Вчерашните возвратни дуели од ова клупско натпреварување значеа елиминација за три поранешни шампиони

https://p.dw.com/p/AekL
Фотографија: dpa Zentralbild

Хамбургер, Херта Берлин и Штутгарт, ќе ја бранат честа на германскиот фудбал во натамошниот тек од натпреварите во УЕФА купот. Хамбургер во драматичен натпревар на гостински терен против данскиот Копенхаген, во последните моменти со гол од пенал успеа минимално да слави, со 1:0. Првиот натпревар во Хамбург заврпи нерешено 1:1.

Рафаел Ван Дер Ваарт во втората минута од продолжението стрелаше прецизно за радост на гостите. За поголема драматика во финишот на натпреварот се погрижи Сергеј Барбарез кој во 57 минута промаши пенал за гостите. Тренерот Томас Дол, задоволен од минималната победа но и видно возбуден по натпреварот изјави:

„Веќе никогаш не сакам да доживеам ваква драматичност на еден натпревар. Човек не знае веќе ниту што ниту како вика. Единствено што сакаш е да ја видиш топката зад гол линијата„

Херта во Берлин и во вториот натпревар славеше против кипарскиот Хапоел, 3:1, по првите минимални 1:0 на гости. Благодарение на подобриот гол количник натаму се пласираше и тимот на Штутгарт кој претрпе минимален пораз од словенечкиот Домжале.

Натпреварите завршија за Мајнц кој на домашен терен загуби од Севиља со 2:0, во првиот натпревар беше 0:0 и

Баер Леверкузен кој и во реваншот во Софија против ЦСКА претрпе пораз со идентичен резултат 1:0.

Изненадување во првото коло приредија романскиот Рапид и норвешмки Тромсо кои ги елиминираа поранешните УЕФА шампиони Феенорд и Галатасарај.