1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ханија избегна напад

15 декември 2006

Од преземањето на власта на исламскиот Хамас, Израел и со него целиот западен свет, воведоа финансиски и економски бојкот против Палестинците. Од тие причини премиерот Исмаил Ханија во двонеделната турнеја во странство собра донации што сакаше да ги префрли во палестинските подрачја. Меѓутоа, на граничниот премин Рафах меѓу Египет и појасот Газа дојде до престрелки.

https://p.dw.com/p/Adut
Ханија извади жива глава
Ханија извади жива главаФотографија: AP

Појасот Газа очигледно се наоѓа на работ на граѓанска војна. Во изминатата ноќ, премиерот Исмаил Ханија за влакно избегна напад. Кога тој со неговата колона сакаше да го мине граничниот премин Рафах, вооружени лица отворија оган врз возилата. Беше застрелан телохранител на Ханија, голем број други придружници беа ранети, меѓу нив и синот на премиерот.

Ханија беше бесен поради нападот и го обивни ривалскиот Фатах дека стои зад нападот. Претставник на Хамас изјави дека вооружени борци на Фатах стрелале врз колоната автомобили. Претседателот на Палестинците, Махмуд Абас изрази жалење уверувајќи дека многу внимателно ги следи настаните.

Ханија вчера попладне со часови беше држен на граничниот премин Рафах, меѓу Египет и појасот Газа. Израел го затвори преминот за да го спречи премиерот Ханија да мине со 35 милиони долари донации. Тој ги собра парите за време на двонеделната турнеја по Средниот исток. Најголемиот дел од парите потекнува од Иран. Затворањето на граничниот премин, единствениот меѓу палестинските подрачја и надворешните свет што смеат да го минат Палестинците, предизвика жестоки престрелки меѓу приврзениците на Хамас и претседателската гарда на Махмуд Абас стационирана на границата. Притоа беа ранети најмалку 20 лица. Европските посматрачи кои треба да гарантираат одвивање на сообраќајот без проблеми, се повлекоа. Меѓу нив нема ранети или повредени. Дури откако Ханија искажа готовност да ги остави парите во Египет, можеше да влезе во Газа. Ханија вчера ја прекина турнејата поради тоа што затегнатоста во појасот Газа во последниве денови драматично се заостри.