1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хаос и нереди во Рамалах пред погребот на Јасер Арафат

12 ноември 2004

Во Рамалах, каде што денеска попладне треба да биде погребан Јасер Арафат, толпа оплакувачи предизвикаа огромен хаос, што резултираше со двајца загинати. Но и покрај нередите и стравот дека ќе се поремети погребната церемонија, телото на Арафат со хеликоптер пристигна во Муката, местото каде што ќе биде погребан палестинскиот лидер.

https://p.dw.com/p/AcJp
Фотографија: AP

Хеликоптерот со посмртните останки на Јасер Арафат успеа слета на Западниот брег и покрај стравот дека хаосот што го направија илјадниците оплакувачи на палестинскиот лидер, кои пред два часа се судрија со палестинските безбедносни сили, ќе ја поремети погребната церемонија.

Ковчегот обвиткат со палестинското знаме беше спуштен во комплексот Муката, местото каде што ќе биде погребан Арафат и каде што тој последниве две и пол години под израелска опсада, иако илјадници луѓе се собраа за одблизу да се поздрават со палестинскиот лидер.

Нередите во Рамалах кулминираа со двајца загинати, кога во близина на комплексот експлодираше автомомил бомба. Претходно, човек од толпата неколкупати пукаше во воѕдух, додека насобраните луѓе го чекаа доаѓањето на хеликоптерот.

За да ја одврати одгомната толпа од намерата да се пробие до комплексот палестинската полиција формираше огромен кордон, а беа испукани и куршми во во3дух.

Припадниците на палестинската полиција, кои ги има околу 3 илјади, со саати се обидуваа да ја држат насобраната маса на растојание, но во еден момент насобраните усеаја да минат преку капијата и да се искачат на ѕидовите на Муката.

,, Смирете се, сите ќе го видите лидерот, им се обрати со мегафон на насобраните луѓе генералниот секретар на палестинската управа, Тајеб Абдел Раим, нарекувајќи го Арафат со неговото военио Име – Абу Амар. Тој вчера вети дека на 50 илјади луѓе ќе им биде дозволено да присуствуваат на испраќањето на палестинскиот лидер.

Истовремено, израелската полиција до максимум го зајакна нивото на мерките на безбедност. Армиските сили на земјата се доближија до Западниот Брег, но не навлегоа во ниту едно од селата, со цел да избегнат судир со палестинците.

Во Каиро, утрината, многу светски државници и политиочари дојдоа на официјалната погребна церемонија, за да му оддадат последна почит на палестинскиот лидер. ,, Му служеше на својот народ целиот свој живот,, рече високиот египетски свештеник отпевајќи ја погребната молитва, по што , поворката со ковчегот на Арафат обвиткан во палестинското знаме, замина на траорна процесија низ улиците на Каиро, а потоа и кон Рамалах.