1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Харадинај се брани со молчење

Бахри Цани | агенции
24 јули 2019

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска беше на сослушување во Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг. Тој се брани со молчење.

https://p.dw.com/p/3Mf9v
Premierminister Ramush Haradinaj Kosovo
Фотографија: DW/B. Cani

Ниту косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај ниту поранешниот претседател на косовскиот парламент Јакуп Красниќи денеска не се изјасниле по обвиненијата против нив пред Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг.

По сослушувањето Харадинај изјави дека не знае зошто бил повикан и дека го искористил правото да се брани со молчење:

„Денеска одговорив на повикот на Специјалниот суд како осомничен. Го искористив правото на молчење кое ми го дава законот. Со тоа ја исполнив својата обврска“, рече Харадинај пред новинарите по излегувањето од зградата на Специјалното обвинителство за злосторства на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Харадинај објасни дека не добил конретно објаснување зошто е повикан.

„Баравме објаснување, но не добивме. Не ми дадоа конкретни информации. Се зборува за моја улога во времето на војната, но не ми дадоа конкретни информации. Обвинителството вели дека е тоа нивно право“, рече Харадинај.

Премиерот во оставка не можеше да одговори дали имало покани од Специјалниот суд за други лица, но нагласи дека тој „дал пример за почитување на законот“.

Повеќе:

По Харадинај, дали Хаг ќе ги повика и Тачи и Весели?Оставката на Харадинај ги враќа во игра Тачи и поделбата на Косово

Рамуш Харадинај даде оставка на премиерската функција минатата недела, откако беше повикан како осомничен за воени злосторства пред Трибуналот во Хаг. Судот формиран во 2015 година ги истражува сомневањата за наводни злосторства извршени од страна на ОВК против Срби, Роми и етнички Албанци кои биле политички опоненти за време и по војната во 1998/99.

Харадинај од страна на друг суд на ОН за поранешна Југославија е веќе двапати суден и ослободен за воени злосторства. „Секогаш одговарав (на барањата, н..з.) на националните и меѓународните судови , (но) ... И јас имам свое достоинство“, изјави Харадинај за агенцијата АФП во јануари.

Набљудувачите на Косово претпоставуваат дека Харадинај, како поранешен командант на борците на ОВК во западно Косово, можеби може да биде товарен поради тоа што не успеал да превенира воени злосторства извршени од членови на ОВК кои биле под негова команда.