1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хереро: потребен е консензус за тензиите во образованието

31 јануари 2010

Прашањето за јазиците не е лесна тема, но таа сепак не го загрозува соживотот во Македонија, оценува во разговорот за Дојче Веле амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро.

https://p.dw.com/p/LnVb
Фотографија: Petr Stojanovski

Амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро, апелира на внимателност во реализацијата на стратегијата чија крајна цел е подобра интеграција на етничките заедници во македонското општество. ОБСЕ се потпира на образовниот систем како главна алатка за постигнување на побрза и поефикасна интеграција. Првиот човек на мисијата во Македонија ги објаснува клучните препораки во стратегијата подготвена од меѓународната институција.

“Официјалниот јазик, кој според уставот се употребува на целата теритроија и во меѓународната коминикација да се изучува од сите заедници и тоа рано во академскиот живот. Ова е првата поента. Следната поента се однесува на албанскиот јазик. Треба да се охрабрат останатите заедници да го учат албанскиот јазик, што го зборуваат 25 процентии од вкупното население, особено во општините во кои албанската популација е позначајна“.

Mazedonien Land und Leute Schüler in einer Grundschule
Фотографија: Petr Stojanovski

Тензија во општеството и во коалицијата

Врз основа на овие препораки на ОБСЕ беше донесена одлука од почетоток на второто полугодие на тековната учебна година да стартува проектот македонкси јазик за сите првоодделенци. Но првачињата Албанци го бојкотираат новиот предмет. Создадена е тензија која освен на теренот се чуствува и во владеачката коалација. “Прашањето е сензитивно поради настанатите од блиското минато, сите знаеме што се случуваше во оваа земја пред неполни десет години“, вели Хереро.

“Ова е земја која имаше сериозни етнички тензии пред десет години. Не е мистерија ако се каже дека прашањата поврзани за меѓусебните односи на зедниците се сензитивни, бидејќи во минатото тие беа повод за сериозни конфронтации. Наивно е да се верува и да се игорира фактот дека тоа е сензитивно прашање. Треба да се прифати тежината на прашањето, да се удвојат напорите за да се генерира консензус што ќе овозможи на крајот сите да бидат задоволни“.

Препораки на ОБСЕ

ОБСЕ препорача проектот да се одложи и внимателно низ дијалог да се одреди терминот за воведување на македонксиот јазик во наставата. “Исто толку важно колку она што го правиме, е како тоа го правиме. Односно кога станува збор конкретно за реализација на ова прашање неопходна е клима на дијалог, клима на консензус“, смета Хереро.

Mazedonien Land und Leute Schüler in einer Grundschule
Фотографија: Petr Stojanovski

Прашан како го коментира впечатокот дека албанските политичари наместо да ја смируваат тензијата го стимулираат бојкототот на наставата по македонски јазик, Хереро вели дека политичарите понекогаш продуцираат дебата што не одговора на реалноста на теренот. „Политичарите имаат влијание врз граѓаните, но мислам дека понекогаш луѓето донесуваат одлуки и сами, некогаш повеќе, а некогаш помалку го следат политичкото водство.“

Критики од владата

Македонската влада остро реагираше не препораката на ОБСЕ за одложување на проектот. Во нашите очи се нарушува кредибилитетот на оваа ценета организација, предупреди Владата. Хереро возвраќа: “Македонските власти можат да реагираат како што сакаат, ние сме гости во оваа земја и како такви сме подложни на критика. Уверен сум дека нашата добра соработка со властите и со граѓанскиот сектор ќе продолжи како досега и на крајот на процесот оваа епизода, која допира прашања што создаваат гард и продуцираат тензии, ќе постигнеме успех односно подобро интегрирано општество“, нагласува за Дојче Веле амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Горан Чутаноски