1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Херта и натаму на шампионски курс

Дојче веле, (С.Н)16 март 2009

2008/2009 е дефинитивно сезона на изненадувања во Бундеслигата. Прво новајлијата Хофенхајм изненади со титулата есенски првак, а сега, врвот на табелата веќе подолго време неочекувано го држи Херта Берлин.

https://p.dw.com/p/HCqw
Андреј Воронин стрелец на победничкиот гол на Херта против Баер ЛеверкузенФотографија: picture-alliance / dpa

Тивка, мирна, таинствена но пред се’ ефикасна е играта на Берлинчани во оваа сезона. И во 24-то коло тие успеаја да извојуваат тесна победа против Баер Леверкузен со 1:0 и направија уште еден чекор кон освојувањето на првата титула по цели 78 години.

Тренерот на тимот Лусиен Фавре и покрај четирите бода предност не го обзема еуфорија.

Bundesliga Bayern München VFL Bochum
Филип Лам беше еден од стрелците на головите на Баерн Минхен во победата против БохумФотографија: AP

„Многу сме задоволни, тоа е јасно. Во второто полувреме бевме малку подобри и повеќе напаѓавме и со малку среќа ги постигнавме овие 1:0 против Леверкузен“, истакна Фавре. Со 45 бодови во моментов втор на табелата е Баерн од Минхен, кој извојува висока победа без сјај од 3:0 нагости против Бохум. Сепак, тимот на Јирген Клинсман остана без репрезентативниот напаѓач Мирослав Клозе, кој се повреди во Бохум и во наредните денови треба да биде опериран.

Еднаков број бодови со Баерн на третото место на табелата има и Волфсбург, тимот кој ја забележа шестата последователна победа во Бундеслигата, на домашен терен против Шалке со 4:3. И Хамбургер успеа да го задржи четвртото место со ист број бодови по победата дома против Енерги Котбус со 2:0.

Фестивал од голови на натпреварите во Келн, Бремен и Хановер

Есенскиот првак Хофенхајм ја нема свежината од есенскиот дел и веќе падна на петото место. По нерешените 1:1 против Ајнтрахт во Франкфурт, шансата за победа што ја чека од 31 јануари ќе мора да ја бара во нареднто коло.

Moenchengladbachs Rob Friend nach seinem Tor
Сцена од мечот Келн- Борусија МенхенгладбахФотографија: AP

Екипата на Вердер од Бремен пак полека со созема и го декласираше Штутгарт со 4:0.

Вистински фестивал на голови имаше во Хановер каде истоимената домашна екипа одигра 4:4 со Борусија од Дортмунд.

Многу голови имаше и во локалното дерби меѓу Келн и Борусија Менхенгладбах. Тимот на тренерот Ханс Мајер, славеше 4:2 нагости во Келн.

„Мене можете тотално да ме заборавите кога станува збор за ваков дерби натпревар. За нас тоа е само, трезвено гледано, конечно голема работа, што победивме во два натпревари по ред“, истакна Мајер.

За разлика од Борусија која успеа да излезе од опасната зона, тимот на Карлсруе е се поблиску до испаѓање од лигата по поразот во дуелот на дното со Арминија Билефелд од 1:0.