1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Херта Милер влезе во престижниот клуб

11 декември 2009

Германската писателка со потекло од Романија, Херта Милер ја прими Нобеловата награда за литература. Престижното признание го добива за нејзината литературна обработка на искуствата од комунистичката диктатура.

https://p.dw.com/p/Kzga
Шведскиот крал Густав 16 и‘ ја врачува Нобеловата награда на Херта МилерФотографија: AP

„Иако рековте дека научила да пишува од молчењето и премолчувањето, ни‘ подари зборови кои непосредно и длабоко не‘ погодуваат.“ Со овие зборови, портпаролот на жирито за доделување на Нобеловата награда за литература Андерс Олсон, вчера на свеченоста во Стокхолм, уште еднаш и‘ даде тежина на одлуката на Шведскиот Нобелов Комитет.

Милер: „Нема да си купам јахта, не грижете се“

Најпрестижното признание за литература во светот, на Херта Милер и‘ го врачи шведскиот крал Густав 16. Нобеловата награда, која Милер ја добива за книжевната обработка на искуствата од комунистичката диктатура во Романија е дотирана и со околу 950 илјади евра. На прашањето што ќе прави со парите Милер јасно истакна: „Нема да си купам јахта. Не грижете се.“ Многу поважно од парите со кои навистина може да се купи една помала јахта , за Херта Милер е фактот дека нејзината тема - диктатурата и она што се случува со поединците кои живеат во диктаторски режим, е наградена со престижното признание.

Herta Müller / Literaturnobelpreis / Stockholm
Нобеловата награда за Херта МилерФотографија: AP

Херта Милер е десетти германски писател што ја освојува Нобеловата награда за литература и вкупно дванаесетта жена досега. Последниот германски нобелов лауреат пред десет години беше Гинтер Грас.

На церемонијата во Стокхолм, вчера, инаку, беа врачени и годинешните Нобелови награди за медицина, хемија, физика и економија.

За разлика од оваа свеченост, онаа во Осло каде што му беше врачена Нобеловата награда за мир на американскиот претседател Барак Обама беше проследена со протести.

Автор: СН/ЕМФ/дв/дпа

Редактор: Жана Ацеска