1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Херта ја зголеми предноста на врвот

Андреас Цимонс/Дојче Веле/К.Д.9 март 2009

Херта Берлин по шест години славеше во Котбус и ја зголеми предноста пред конкурентите за највисок пласман. Огромен успех на германските атлетичари на ЕП во сала во Торино. Себастијан Баер постигна европски рекорд.

https://p.dw.com/p/H8Nw
Андреј Воронин постигна хет трик во КотбусФотографија: picture-alliance/ dpa

Херта Берлин ја задржа лидерската позиција во Бундеслигата по 23 одиграни кола. Берлинчаните на викендот го совладаа тимот на Енерги Котбус со 3:1 и тоа на негов терен. Тренерот Лусиен Фавр сепак не сака премногу да го вреднува успехот на неговите избраници: „Се течеше во наш прилог. Трите бода ги освоивме заслужено, но пред нас е уште многу работа“ изјави Фавр. Херта Берлин е на врвот со 46 бодови, четири повеќе од конкурентите, Хофенхајм, Баерн Минхен, Волфсбург и Хамбургер кои имаат по идентични 42 бода.

Хофенхајм во дербито против Вердер Бремен одигра без голови, Баерн го декласираше Хановер со 5:1. Вистинска хаварија доживеа Хамбургер кој во Менхенгладбах претрпе пораз од Борусија со 4:1. Извонредното издание на Борусија, која многумина веќе ја отпишаа од првата лига, ги врати надежите дека тимот може да се избори за опстанок. По подолг период на дното од табелата, избраниците на тренерот Ханс Мејер сега се на претпоследната позиција со 19 бодови. Стратегот на тимот гледа светлина на крајот од тунелот: „Многу е важно што победивме. Мораме да успееме што е можно побрзо да ја вратиме довербата. Кога ќе одиграме на ваков начин против противник кој на индивидуален план е подобар од нас, мислам дека не е невозможно тоа да го постигнеме“, изјави Фавр.

Нова петарда на Баерн Минхен

Fußball Bundesliga Bayern München Hanover 96
Лукас Подолски постигна гол по четири месеци пост. Од натпреварот Баерн Минхен-ХановерФотографија: AP

Баерн Минхен, во натпреварот да се биде или не против Хановер, забележа убедлива победа од 5:1 и покрај отсуството на повредените Лука Тони и Франк Рибери. Тренерот Јирген Клинсман по натпреварот изјави дека е многу важно во моментов да се задржи чекорот со врвот. Тој смета дека тимот го препознал моментот. „Меѓутоа, играчите знаат дека во моментов тимот не се наоѓа онаму каде што сакаме“ изјави Клинсман. Во борбата за место на табелата кое води во Европа е и шестопласираниот Штутгарт кој по триумфот против Борусија Дортмунд од 2:1 сега има 39 бодови. Во игра е и Шалке 04 кој е едно место подолу со два бода помалку од Штутгарт. Тимот од Гелзенкирхен во петокот минимнално славеше против Келн со 1:0. Осми е Баер Леверкузен кој ремизираше против Бохум, 1:1. Во релативно сигурниот среден дел од табелата се наоѓаат Борусија Дортмунд, Вердер и Келн. Со една нога во опасната зона е Волфсбург, кој има 24 бодови. Следуваат Ајнтрахт Франкфут, Арминија Билефелд и Бохум. Во зоната на испаѓање се Енерги Котбус, Борусија Менхенгладбах и Карслруе.

Сензационален европски рекорд на Баер

Огромен успех за германските атлетичари на европското првенство во сала во италијанскиот град Торино. Германците, на викендот се радуваа на три златни, три сребрени и четири бронзени медали. Најголемата радост ја приреди 22 годишниот Себастијан Баер, кој постави нов европски рекорд во скок во далечина во сала. Неговиот сензационален скок достигна далечина од 8,71 метри. Младиот германски атлетичар по одличниот настап реагираше помалку збунето: „Не можам да си објаснам, не знам. Морам да разговарам со мојот тренер. Не знам што направив таму“ изјави Мејер. Одличен резултат постигна и неговата сонародничка, Ариане Фридрих, која како единствен финалист во натпреварите во скок во височина, прескокна 2,01 метри и го освои златниот медал. По настапот таа беше пресреќна: „Ова е најубавото нешто што досега го имам освоено. Она што го постигнав денеска неможев да си го претставам ниту во сон. Се подготвував за да се борам за златниот медал, но едноставно е лудо колку се` добро функционираше„, изјави Фридрих.

BdT Ariane Friedrich Leichtathletik-Hallen-Europameisterschaften
Ариане ФридрихФотографија: AP