1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

ХИВ вирусот е најопасен за младите жени

Кринингер Тереза
1 декември 2016

Епидемијата на ХИВ до 2030 година би можела да биде сопрена. Пред сѐ, тоа зависи од младите жени и дали тие ќе успеат да се одбранат од вирусот - порачува УНАИДС по повод Светскиот ден на борбата против сидата.

https://p.dw.com/p/2Ta7Z
Südafrika Weltaidstag Wandbild in Soweto
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најпрво добрата вест: една недела пред Светскиот ден на борбата против сидата, ОН информираа за успесите во борбата против болеста на имунолошкиот систем. Според податоците на УНАИДС, заедничката програма на Обединетите нации за редуцирање на ХИВ, речиси секој втор од вкукпно 36,7 милиони заразени лица се лекува. Тоа е околу три милиони луѓе повеќе отколку пред две години. Само во првата половина од оваа година со лекување започнале околу милион луѓе. Накратко, повеќе луѓе отколку претходно добиваат лекови кои можат да им го продолжат животот.

Според изјавата на шефот на УНАИДС Мишел Сидибе можностите за спречување и лекување на ХИВ никогаш не биле добри како денес. Сепак, за милиони Африканци епидемијата значи постепена смртна казна. Во Африка, јужно од Сахара, во 2015 година имало повеќе од 25 милиони заразени со вирусот, од кои, веќе истата година починале половина милион.

Тоа е една од причините поради која е неопходен нов пристап. Имено, УНАИДС настојува посветено да работи на сузбивање на епидемијата и повеќе да ги земе предвид животните услви на различните старосни групи.

Деца со ХИВ

На светско ниво, помалку од 30% од заразените жени го пренесуваат вирусот на своите деца. Предуслов за тоа е да добиваат антиретровирусна терапија. Кога вирусот се пренесува на децата, тоа најчесто се остварува преку мајчиното млеко. Проблематично е тоа што и понатаму нема доволно ХИВ тестови за трудниците. Во само четири од 21 проблематична земја во Африка, мајките можат да ги тестираат своите новороденчиња. УНАИДС настојува да овозможи повеќе тестови за новороденчињата и трудниците, терапија за бебињата како и навремена дијагноза.

Kambodscha schwangere Frau im Krankenhaus
Фотографија: Imago/ZumaPress

Млади жени, стари мажи

Најризична група се малдите жени помеѓу 15 и 24 години. Минатата година во светот со овој вирус, во просек биле заразени околу 7.500 жени неделно. Најчесто, во јужна Африка заразени биле девојките помеѓу 15 и 19 години, околу 90 проценти. Зошто? Новите податоци од јужна Африка покажуваат дека многу млади жени се заразуваат со ХИВ преку постари мажи.

УНАИДС сака да стави крај на тоа. Освен традиционалните методи, како што е едукација за практикување на безбеден секс, во извештајот се споменуваат и превентивни лекови за оваа ризична група, чие редовно земање дава добри резултати.

Возрасни и високоризични групи

Проблем е тоа што повеќе од пет години не се намалува бројот на возрасни особи кои се заразени со ХИВ. Посебно проблематично е во западна и централна Африка. Во однос на остатокот на светот, таму околу 30 проценти од заразените умираат како последица на болеста.

Според извештајот на УНАИДС особено се погодени мажите и тие се помалку информирани за заразата од жените. Во Кавазулу Натал, во јужна Африка само 26 проценти од мажите биле запознати со нивниот ХИВ статус, а само пет отсто од мажите користее терапија.

Lesotho Mobile Gesundheitsversorgung: Bluttests
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Farrell

Особено се загрозени мажите од т.н. високоризична група: бројот на нови инфекции и понатаму е во пораст кај зависниците од дрога и кај хомосексуалците: 45 отсто од вкупно инфицираните во светот во 2014 година биле од таа група.

Старост со ХИВ

Меѓутоа, факт е дека заразените со ХИВ денес живеат доста долго. Минатата година 17 проценти од возрасните заразени со ХИВ имале повеќе од 50 години. Во индустриските земји 31%. За тоа допринесоа новите, подобри форми на терапија. Со нивна помош, луѓето заразени со ХИВ можат да живеат повеќе од 60 години. УНАИДС проценува дека сттаросната група 50+ во иднина ќе се зголеми за 47 проценти.

Заразените се соочуваат со бројни проблеми: со години примаат терапија која има силни нус ефекти. Или пак, со текот на времето стануваат резистентни на терапијата. Неретко патат и од пропратни болести како туберколоза или хепатит Ц. Во извештајот се бара повеќе истражување и инвестирање во едноставни и поподносливи ХИВ терапии.

Се гледа ли крајот?

И покрај големите предизвици, според шефот на УНАИДС Мишел Сидибе, целта ќе биде остварена. До 2020 година околку 30 милиони заразени ќе добијат соодветна терапија. Проширувањето на лечењето со антиретровирусна терапија допринесува кон продолжување на животот на заразените. Во 2015 година, 5,8 милиони заболени биле постари од 50 години. Добри се шансите дека до 2020 година ќе има повеќе од 8,5 милиони.