1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хилтон во Македонија

Горан Петрески1 јуни 2007

Оваа вест денеска ја објави премиерот Никола Груевски.Хотелот на охридското крајбрежје ќе го гради австриската фирма Соравија

https://p.dw.com/p/Anyf
Хотел Хилтон во Берлин
Хотел Хилтон во БерлинФотографија: presse

Светскиот хотелски гигант Хилтон ќе гради хотел во Македонија,влезот на оваа позната марка од угостителскиот бизнис го објави премиерот на Макеоднија,Никола Груевски.Луксузниот хотел со пет звезди ќе биде лоциран во Охрид,на плаќжата кај хотелот Инекс Горица.Зделката е договорена на денешноот јавно наддавање во Министерството за транспорт.За земјиштето од над 15 илјади квадратни метри на кое ќе се гради хотелот фирмата изведувач плати речиси еден милион долари.

„Хотелот Хилтон треба да биде изграден според меѓународните стандарди,ќе има минимум 200 соби,ресторан,бар како и други карактеристики кои се типични за Хилтон хотелите.“

Вкупната инвестиција се проценува на 25 милиони евра,хотелот треб ада биде готов за 2,5 години.Влезот на Хилтон е прва хотелска инвестиција од највисока класа ,се најавуваше долго време и се бараше локација.

„Оваа инвестиција ќе значи многу за Македонија,особено за градот Охрид, генерално за туризмот во Макеодонија“,изјави премиерот Груевски.