1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хоби во(н) соби!

Силвера Падори17 ноември 2006

Човекот денеска живее динамично. Се повеќе часови се минуваат на работнито место, се помалку со семејството. Слободно време речиси и нема. Но, доколку малку и останува има луѓе кои го посветуваат на своето хоби.

https://p.dw.com/p/AeT6
Фигури
ФигуриФотографија: AP

На дел од автопат се движат црвени, зелени и жолти камиони, шлепери, градежни машини... Брмчат моторите, бревтаат ауспусите..На едно место дојде до застој. Чкрипат кочниците. Проблем направи еден багер... Неговиот возач, 50 годишниот градинар Ралф, навреме не закочи.. За среќа целава мешаница е на приостор од 150 квадрати во халата на берлинскиот саем каде минатиот викенд се оддржа хоби саемот. Камионите, пак се, беспрекорни модели кои далечински се упраувани, а нивните газди се членови на клубот 88 од Берлин чиј опретседател Алекс кажува дека клубот свртувалиште на сите генерации.Има членови од 7 до 70 години. Тоа се сосема обични луѓе кои имаат свои професии, свои семејства, а по работа и во текот на викендите доаѓаат во клубот. Камионите се како оригинали. Има европски и американски марки, градежни машини. Практично се движи по европските и американските патишта има и кај членовите на клубот. Тие моделите ги купуваат спаковани во кутии. Целта е меѓутоа технички да се усовршат, така што на крај дури 80 проценти од моторите на моделите се оригинални. Дали ова хоби е скапо?

Скапи играчки

Кое хоби не е скапо“ се чуди Алекс. Секој еден камион чини најмалку 1.000 евра, а горна граница едноставно нема.Важно е што парите не се даваат на куп, туку периодично, но во континуитет.

Клубот има свој простор на отворено во Ротберг кај Шонефел каде камионите далечински се управуваат и каде членовите редовно се собираат вели Алекс. За тоа дали е скапа оваа страст Ралф го дополнува: Да, но за тоа не говориме. Но, можам да кажам дека еден ваков камион може да чини колку и еден користен автомобил“ .Тој кажува дека има среќа зашто хобито го дели со сопствената сопругата, па нема недоразбирања од типот зошто толку пари одат на овие играчки?

Страст кон фигурите

Стотина војници од времето на Наполеон, но и од војната на Ѕвездите едни наспроти други на бојното поле! Фигурите се од цинк и ако се мали, тие за многумина се голема љубов. Но, хоби не е само да се наредат, туку целата филозофија е нивното создавање. Цинкот се топи, па се става во моделите од каучук или од камен. Потоа изладените фигури се бојосуваат. И дури после се готови за игра во нечија детска соба или да се наредат како експонат во витрина.

Габриела Донер е претседартел на Друштвото на пријатели на цинкани фигури од Берлин и Бранденбург.Фигурите може секој да ги собира. Ги има историски фигиру,ги има рељефи кои раскажуваат цели приказни... Нема старосна граница за ова хоби. Ги собираат и млади и стари.“кажува Габриела која 33 години другарува со фигурите од цинк. Најпрво ги собирала како девојче. Во времето кога создала семејство била ангажирана со други нешта и немала време за хоби. Потоа, повторно се свртела кон фигурите од цинк.

Посетувала гравер кај кого ги научила основите на занаетот, сите финеси околу калапите, се важно за нејкзиното хоби. Собирањето фигури од цинк е раширено ширум светот.Има многу колекционери.Секоја втота година се оддржува светска берза во Колмер каде доаѓаат луѓе од сиот свет. Берзи има и во други места, но оваа во Колмер е најголема“ вели Габриела Доннер.

Забава на чист воздух

Ако за некои металот е хоби, за други тоа е воздухот. Станува збор за леталата, тие шарени и весели форми од хартија, кои го следат движењето на воздухот...

Леталата во принцип се едно старо хоби.Порано, пред педесетина и повеќе години, леталата се изработувале рачно, се бојосувале и немало некое сериско производство. Денес, понудата е голема и тоа особено од Азија каде леталата имаат долга традиција.Тоа е хоби не само на децата туку и на доста возрасни“ вели Курт Тинман вљубеник во леталата кој дополнува дека ова хоби може да се негува и со малку пари. На пример има летала и за 5 евра. Но, ги има и имногу убави, со различни додатоци, на повеќе врвци и во прекрасни бои кои нормално се скапи!

Мегу заинтересираните меѓу леталата и дрвените брио железници имаше и многу деца. Мали од по 3-4 години, повозрасни.. На едно место се прфезентираа и интелектуалните игри, каде ја сретнавме и Дијана Махов воспитувачка во детска градинка.

Хобито е важна работа и треба да се негува уште од раното детство. Практично тоа е многу индивидуално и родителите треба да следат какви интерси имаат нивните деца. Има деца кои се спретни во конструирање , други ги бидува за други работи, така што се зависи од аинитетите на детето“ кажува Дијана Махоф.

Брзи возови и парни локомотиви

Кај големите дрвени конструкции на популарните брзо возови беше и продавачот Андреас со тригодишниот син Макс.Таткото вели дека дома имаат една ваква брио дрвена железница која од ден во ден станува се поголема и поголема. Синот се забавува, а и родителите со него. Андреас кого го прашавме дали сега кога се е со екстра брзо темпо човек може да најде време за своето хоби? Да понекогаш.. Некогаш повеќе, другпат помалку, но главно за викендите...“ вели тој.

На простор од околу 50-тина квадрати зазбивтана е црната локомотива која зад себе влече 15 вагони. Сите се од пред еден век. Вили, пензиониран биолог занесено во молк ја гледа композицијата. Кажува дека е вљубеник во железницата. Ја има и дома ...Спакована во кутија зашто нема меасто во станот и го чека Божиќ кога ежелезницата ке му ја подари на внукот, па ке моќе со него да си даде одушка. Го прашуваме зошто е вљубеник на старата железница, кога новите модели се исто толку атрактивни?Со недоверба не погледна, а потоа категорично прокоментира дека „старите железници имаат различни форми. Новите се многу монотони...“

Хартија и пластика како занимација

Ако хобито се гледа од полова димензија, сепак повеќе мажи се заинтересирани за моделарство. Од она на бродови, преку подморници, до авиони и разлилчни други летечки објекти. Но, какви модели ? Пластични, дрвени, метални или? Изработувам модели на бродови - од хартија. Се специјализирав за траекти.Ова беше топ хоби пред 50-60 години. Потоа приматот го презедоа моделите од пластика, така што мал е бројот на оние на кои ова хоби се уште им е во срцето“ со доза на носталгија објаснува Бернд.

И навистина пластични модели има буквално на се што постои во реалниот живот, но и во фантацијата. Бродови, подморници, авиони стари и нови, ракети и летала од фантазијата. ..

Ако моделарството е повеќе хоби на мажите, рачната работа со право е посилната страна на жените.Честопати мелем за нервите и душата. Плетењето, како хоби не само што го исполнува времето, туку честопати има и практична димензија - се создаваат оригнални делови од облека - шалови и капи, џемпери, прекривачи. „Радо плетам“ - вели Антје. Неодамна исплела еден џемпер, а сега е зафатена со еден божиќен проект. За панаѓурот подготвува украси од штоф во форма на коњски глави со траки од плетиво на кое има мониста.Со плетење е окупирана и Хелга која кометира дека секое хоби бара време, а за една жена која е вработена и води грижа за семејството едноставно нема простор за екстра занимации.

Плетењето е добро за нервите

Плетењето е добро за жените, но понекогаш и на мажите. Така смета 50 годишниот професор Волфганг кој плете и вези и си посакува повеќе време за овие негови „слабости“.

Повеќе време за своето ходи си посакаа без задршка сите со кои разговаравме. Било нивното хоби да е едно од овие кои ги споменавме, било да е обично и класично хоби, во соби, кое безмалку се подразбира во секојдневието: читање, играње шах, филателија или нумизматика!