1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ходорковски почнува нова страница во животот

Александар Методијев/афп/дв21 декември 2013

Критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски се сретна со својот син во Берлин, откако беше ослободен од затвор по изненадувачкото помилување од претседателoт Владимир Путин. Најпознатиот руски затвореник e во Германија.

https://p.dw.com/p/1AeSK
Freilassung Michail Chodorkowski ARCHIV
Фотографија: Reuters

„Најстариот син на Михаил Ходорковски, Павел, веќе си го виде татка си“, информира портпаролката на Ходорковски, Олга Писпанен. „Тие се сега заедно во Берлин“, додаде таа.

„Се радувам за минутата во која повторно ќе можам да ги прегрнам моите сакани“, рече вчера по пристигнувањето во Берлин таткото на четири деца Ходорковски, без да ги прецизира своите планови.

Поранешниот нафтен магнат и најбогат Русин, а до вчера и затвореник, почнува нов живот како слободен човек во Германија, откако со изненадувачка одлука за помилување, од страна на рускиот претседател Владимир Путин, Ходорковски се најде на слобода. Тој е жесток критичар на руските власти и мина десет години зад решетки. Во, како што се чини, договор со германската влада, тој вчера беше спроведен од затвор на северозападот на Русија со авион во Берлин.

Michail Chodorkowski Deutschland Empfang Hans-Dietrich Genscher 20.12.2013
Ходорковски (десно) фотографиран при пристигнувањето на берлинскиот аеродром заедно со поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер (десно)Фотографија: Reuters

Некои аналитичари веднаш прокоментираа дека Ходорковски е принуден на бегство, но портпаролот на Путин ги негираше ваквите тврдења.

„Тој е слободен човек да се врати во Русија. Апсолутно“, изјави портпаролот Пешков. Тој сепак одби да каже дали се поставени одредени услови за негово ослободување и дали тој ќе може да учествува на избори во Русија. Портпаролот на Путин информираше дека 50-годишниот Ходорковски му испратил две писма на Путин – едно пократко и со правна содржина, а друго подолго и со лични забелешки. Детали за писмата портпаролот не даде.

Реакции со пораки до Путин

Hotel Adlon Berlin mutmaßliche Unterkunft Michail Chodorkowski
Ходорковски е сместен во берлинскиот хотел АдлонФотографија: picture-alliance/dpa

Во првото обраќање до јавноста преку изјава, Ходорковски рече дека побарал помилување од Путин, но тоа не било реализирано се’ додека во работата не се вмешал поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер, кој беше на таа позиција од 1974 до 1992 година. Ходорковски изјави дека Геншер помогнал во преговорите за негово ослободување.

„Нему му е добро, со оглед на околностите“, изјави Геншер. „Иако не разбирам Руски, можам да посведочам за неговиот телефонски разговор во автомобилот со роднините, а тоа беше емотивно. Разбирливо, по десет години, коишто мораше да ги издржи“, додаде Геншер. Тој не знае дали Ходорковски планира да остане во Германија.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер вчера го поздрави ослободувањето на Ходорковски. „Тоа е добра вест“, рече тој. Сега би морале да продолжат разговорите со Русија околу правната држава и човековите права. Исто така и канцеларката Ангела Меркел изрази задоволство: „Многу често се залагав за тоа, господин Ходорковски да биде ослободен“, рече Меркел.

Genscher vor dem Berliner Hotel Adlon
Ханс-Дитрих ГеншерФотографија: picture alliance/dpa

И САД ја поздравија одлуката за ослободување на Ходорковски, но испратија и забелешкидо Кремљ.

„Ние постојано ги изразуваме нашите грижи за прекршување на процедурите и селективното судење во Русија, вклучувајќи го и она против Ходорковски и неговиот бизнис-партнер Платон Лебедов, кој и натаму останува во затвор“, изјави државниот американски секретар Џон Кери. „САД сило на охраврува Русија да направи реформи и да воведе транспарентен, независен и релевантен судски систен кој се придржува до обврските за почитување на човековите права, владеењето на правото и недискриминацијата“, додаде Кери.