1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холандија ќе се жали за Сребреница

Александар Методијев/бета/макфакс27 јуни 2012

Холандија ќе поднесе жалба на пресудата со која холандските војници во составот на УНПРОФОР се прогласени за „делумно виновни“ за смртта на тројца босански муслимани во Сребреница во јули 1995-та година.

https://p.dw.com/p/15LvP
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Ќе се жалиме до Врховниот суд на одлуката на Апелациониот суд“, изјави портпаролот на министерството за одбрана Клас Меијер. Апелациониот суд во Хаг на 5-ти јули минатата година оцени дека холандската држава е одговорна за смртта на троцата муслимани за време на масакрот во Сребреница. Судот смета дека холандските војници морале да знаат за акцијата на српските сили.

Со одлуката на Апелациониот суд од минатата година, холандската држава прв пат е прогласена за одговорна за акцијата на нејзиниот мировен батаљон во ОН, кој беше задолжен за заштита на неколку илјади муслимани од офанзивата на босанските Срби.

Постапката пред судот ја покренаа роднини на тројцата убиени Босанци. Холандскиот суд претходно се огласи за ненадлежен за тужбата на „Мајките од Сребреница“, со образложение дека холандските војници биле во состав на ОН, кои уживаат имунитет.

Според пресудите на Хашкиот трибунал, силите на босанските Срби убиле повеќе од 7.000 мажи во Сребреница.