1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Храбра одлука

Штефан Нестлер 10 август 2007

Т - Мобајл, и покрај аферите со допинг во влосипедизмот од изминтите месеци, не замитува од спортот и како спонзор му останува верен на велосипедизмот.

https://p.dw.com/p/BStG
Старите ја изиграа довербата, новите треба да ја спасатФотографија: AP

Беше тесно. Германскиот професионален велосипедизам уште еднаш помина само со мала гребнатина. Имено толку и можеше да се предвиди: ако по 16 години Т - Мобајл се збогуваше од велосипедизмот, ќе пукнеа браните и на други места. Ќе се повлечеше и Геролштајнер, најверојатно и коцернот Нордмилх, финанисиер на тимот на Милрам.

Одлуката на управниот одбор на Т – Мобајл, да не го прекине договорот и да остане спонзор на тимот до 2010 години како што беше планирано, е храбра и треба да се респектира. Претпријатието плива во обратна насока на струјата: конечно во моментов има гласови, кои сакаат да го закопаат велосипедскиот спорт. Ако и Т - Мобајл застанеше во тој ред, речиси и никој повеќе немаше да протестира. Сите би имале разбирање. Конечно мајката концерн Телеком минува низ тешки времиња на текомуникацискиот пазар. Зошто тогаш да не се ослободат и од прангите на нозете кои конечно повеќе му штетат отколу што му користат на имиџот на концернот?

Во сјајните времиња на Јан Улрих и Ерик Цабел тимот на Телеком, подоцна Т - Мобајл важеше за пример на спортското спонзорирање. Германците го идентификуваа велосипедизмот со тимот во розова боја. Кога Јан Улрих беше повлечен поради аферата со допинг околу шпанскиот лекар Еуфемијано Фуентес, споменикот почна да напукнува. Пукнатините станаа поголеми, кога поранешните членови на тимот Бјарне Рис, Ерик Цабел и Ролф Алдаг признаа дека се допингувале. А кога Петрик Зинкевиц, еден од наводно чистите спортисти на новата генерација велосипедисти, беше позитивно тестиран, се чинеше дека споменикот ќе се урне.

Тоа што Т - Мобајл му остана верен на велосипедскиот тим од една страна мора да се сфати и како благодрност за минатите подобри времиња. Од друга страна очигледно во врвот на концернот сеуште постои визијата за чист велосипедизам. Спонзорот сега презема предвесничка улога во борбата против допингот, наместо да бега од одговорност. Тоа што финансиерот ги држи отворени карите и во случај на нова афера веднаш би го прекинал спонзорството во велосипедизмот, е само легитимно. Сега зависи од младите носители на надеж како етапниот победник на Тур Д Франс Линус Гереман или светскиот првак во категорија на јуниори Гералд Циолек да ја оправдаат довербата и да возат во правец на подобра иднина.