1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Храна и вода - неопходни за луѓето во Јужна Азија

3 јануари 2005

Меѓународната помош за преживеаните од катастрофата во Јужна Азија тече со полна пареа. Сепак и покрај сите напори кои се вложуваат десетици илјади луѓе сеуште чекаат на помош.

https://p.dw.com/p/AcIa
Банда Аче, Суматра
Банда Аче, СуматраФотографија: AP

На хуманитарните работници во погодениот регион пред се им се потребни хилихоптери за да можат да ја достават помошта до отсечените региони. ОН веќе воспоставија воздушен мост за најтешко погодениот индонезиски остров Суматра. Најверојатно ќе бидат потребни уште три денови, додека околу 700.000 лица погодени од катастрофата во Шри Ланка бидат снабдени со храна и чиста вода за пиење.

Многу жртви од провинцијата Аче на северот на Суматра сеуште можат да бидат згижени само преку тој воздушен пат. Луѓето во оваа провинција уште пред надоаѓањето на монструмските бранови имаа проблеми со снабдувањето, сега ситуацијата е уште полоша:

“Сета храна е потрошена, дури вчера добивме нови прехрамбени производи, но тоа не е доволно.” вели Сима Ум

Др. Гидеон Хартоно потврдува дека сиромаштијата во овој регион е огромна и дополнува

“Најголем проблем е водата. Оваа област лежи директно на море, така што сета слатка вода веќе ја нема. Освен ова во близина се наоѓа и нафтена рафинерија , најверојатно се е загадено.”

Капетан Лери Брт од американската морнарица истo така потенцира:

“ Не остана многу од зградите во градовите, сепак може да се препознае дека нешто имало. Во рушевините се наоѓаат многу луѓе, кои едноставно чекаат. Вакво нешто не сум видел досега.”

Според Обединетите нации досега со прехрамбени производи мораа да бидат згрижени околу 1,8 милиони луѓе, истовремено постојано мора да се доставува чиста вода за пиење за да може да се спречи развивање на епидемија на колера. УНИЦЕФ пак истакнува дека во регионот тешко погодени од катастрофата се и 700.000 деца ним им недостасува храна и вода за пиење а многу од нив преживеаа и тешки трауми.