1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

180112 Kroatische Wirtschaft

22 јануари 2012

Хрватите на референдум одлучуваат за пристапувањето на земјата во ЕУ. Тоа посебно го исчекуваат хрватските претпријатија, кои гледаат шанса за подобрување на деловните резултати.

https://p.dw.com/p/13nDW
Фотографија: picture alliance/dpa

Во Загреб тој е дел од сликата на градот: Кротрам, трамвајот од хрватско производство. Градот купи вкупно 142 такви трамваи. Порано тука возеа трамваи кои други градови ги отфрлаа од употреба. Загрепчаните се многу горди дека сега едно домашно претпријатие произведува модерни нископодни трамваи.

„Прекрасни трамваи. Тоа се нископодни, фантастични, пријатни климатизирани трамваи. Мислам дека можат да се носат со најмодерните во светот во поглед на квалитетот, естетиката  комфорот“, вели еден загрепчанец. Негова сограѓанка додава: „Неодамна бев во Полска и во Чешка и кога ќе ги споредам трамваите, тогаш нашите тука се многу подобри и некако помодерни“.

Друга загрепчанка, пак, вели: „Дизајнот, удобноста, топлината во зима и пријатноста во лето. Тоа е тоа. Ми се допаѓаат трамваите, многу сме побрзи и повешти во сообраќајот“.

Ilica, Einkaufsmeile in Zentrum der Kroatischen Hauptstadt
Новите модерни трамваи на Кончар на загрепските улициФотографија: DW

Далеку поевтини од конкуренцијата

На периферијата на Загреб се наоѓа и фабриката во која се произведува и одржува Кротрам. Производител е концернот „Кончар“, во соработка со фирмата „Гредељ“. Членот на управата на Кончар, Игор Јагодиќ, гледа големи шанси за Кончар по приемот на Хрватска во ЕУ, но признава дека неговата фирма е премала за да се споредува со големите европски производители.

„Она што можеме да го понудиме на купувачот се возила во многу краток рок со индивидуален дизајн, односно изведби и можности што можеби не се толку интересни за големите производители“, вели Јагодиќ.

Во прилог на Кротрам оди и неговата цена, вели Јагодиќ. Нешто помалку од два милиона евра чини еден трамвај. Таа цена е за околу половина милион пониска од оние на конкуренцијата.

„Интензивно работиме и на тоа да понудиме и оски со широчина од 1435 милиметри. Тоа е европски стандард. Во Загреб растојанието меѓу двете шини е 1000 милиметри. Веќе на лето ќе можеме да ги понудиме сите широчини, со што ќе станеме интересни за сите европски градови“, вели Игор Јагодиќ, членот на управата на „Кончар-Електрични возила“.

Kroatien Land und Leute Hafen von Pula
Пристаништата како ова во Пула се силен адут на ХрватскаФотографија: Ognjen Alujevic

Многу добра геостратешка положба

И во Стопанската комора се уверени дека приемот во ЕУ на хрватските фирми им нуди големи шанси. Но, од членството нема да профитира само Хрватска, туку и Унијата.

„Хрватска има извонредно добра геостратешка положба, пристаништа кои имаат добра достапност до трети пазари и добри автопати, во кои земјата инвестираше многу минатите години. Верувам дека тоа може да помогне за побрз економски развој и достапност на стоките до Европа“, вели Весна Трнокоп Танта од Стопанската комора на Хрватска.

Одлуката сега треба да ја донесат Хрватите. Тие на референдум одлучуваат за членството во ЕУ. Ако се изјаснат позитивно,  Хрватска ќе стане 28-ма членка на Европската унија.

Автор: Данијел Видиќ / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска