1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска е во рецесија

БГ/бета1 јуни 2012

По падот на БДП од 1,3 отсто, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ соопшти дека неговата влада ја очекува многу работа за да ја опорави економијата.

https://p.dw.com/p/156B4
Фотографија: DW

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ соопшти дека неговата земја формално е во рецесија, бидејќи во првиот квартал од 2012 година забележала пад на БДП од 1,3 отсто на годишно ниво.

На владина седница, новиот хрватски премиер соопшти дека се работи за продолжување на падот од последниот квартал на 2011-та година. „Пред нас е многу работа и нема да се извлекуваме на тоа дека наследивме многу негативни трендови“, рече Милановиќ.

Причините за рецесијата, според Милановиќ, се во големиот пад на економската активност во индустријата, рударството и енергетиката, сообраќајот и градежништвото, додека во секторите на земјоделството, трговијата и туризмот, бил забележан мал раст, но недоволен за компензација на големиот пад.

Милановиќ најави дека ќе се обиде да придвижи нов инвестициски циклус во земјата. Буџетот за тековната година, хрватската влада го темели на проектираниот раст на БДП од 0,8 отсто. Но, гувернерот на Народната банка неодамна соопшти дека БДП ќе падне за 1,0 проценти, а слични очекувања изнесоа и претставници на меѓународните финансиски институции.