1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Христијаните во Нигерија повторно на удар

Ж. Ацеска/ афп/дпа7 август 2012

Вооружени напаѓачи во евангелистичка црква во Нигерија го убиле пасторот и најмалку 18 верници.

https://p.dw.com/p/15lF1
Фотографија: Getty Images/AFP

Нападот се случил синоќа во градот Отит, за време на собирот на верниците на молитва. Полковникот Габриле Олоруњом изјави дека во нападот е убиен пасторот, а дека засега не се знае точниот број на ранетите, со оглед на тоа дека се одвезени во различни болници. Воениот функционер одби да наведе кој е осомничен за нападот, а засега никој не ја презел одговорноста за убиствата. Претходно радикалната исламистичка група „Боко харам“ која се залага за воведување на шеријатското право на територијата на цела Нигерија, повеќе пати изведе терористички акти, меѓу кои и врз цркви.

Nigeria Anschlag
Фотографија: DW

Сојузната држава Коги, југозападно од главниот град Абуџа, досега беше поштедена од напади на „Боко харам“. Безбедносните сили меѓутоа во април соопштија дека во тамошниот град Огаминана откриле фабрика за проиводство на бомби.

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан во јуни ја обвини „Боко харам“ за обид да ја дестабилизира владата со напади врз христијанските цркви.

Нигерија е најбројна според население земја во Африка. Во текот на историскиот развој на северот се создала доминација на муслиманите, додека во јужниот дел доминираат христијаните. Во саботата преку интернет беше емитувано видео на шефот на „Боко харам“, Абубакар Шекау, во кое тој ги критикува нигерискиот претседател Џонатан и американскиот, Барак Обама, зашто во јуни од американската влада беше ставенна листата на „глобални терористи“. Во американскиот конгрес и меѓу нигериските христијани се‘ погласни се барањата целата група „Боко харам“ да биде оквалификувана како терористичко здружение. Досега во САД владее ставот дека тоа само би и‘ донело поголемо присуство на групата во јавноста и би го отежнало решавањето на конфликтот.