1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Христијаните во светот го одбележаа Велипеток

7 април 2007
https://p.dw.com/p/AgGR

Христијаните во целиот свет го одбележаа Велипеток, и потсетија на страдањето на Исус Христот на крстот. Илјадници верници во колосеумот во Рим го проследија патото на крстот. Папата Бенедикт 16 и аџиите со молитви минаа низ 14 те станици од пресудата на Исус до смртта на крстот. На почетокот и на крајот на поворката Папата самиот го носеше крстот. Во Ерусалим, илјадници Христијани го минаа патот по должината на Виа Долороса до црквата каде се верува дека наоѓа гробот на Исус. Бидејќи оваа година Велигденските празници во исто време ги слави римо – католичката и православната источна црква, бројот на верниците во Ерусалим беше поголем отколку вообичаено.