1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цебит – завршница

21 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLt

Денеска во Хановер заврши најголемиот светски саем на компјутерска технологија Цебит. Годинава Саемот бележи 480.000 постители, како и склучени зделки во износ од повеќе милијарди евра. Член на Управниот одбор на Саемот Ернст Рауе посочи дека манифестацијата се докажала како стопански мотор и носител на нови идеи. Со зголемувањето на бројот посетители за 10% во однос на минатата година постигнат е и пресврт во повеќегодишниот надолен тренд.