1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цената на нафтата продолжува да паѓа

СН/АМ/мф/ртр19 јуни 2012

Цената на нафтата на лондонската берза се спушти на најниско ниво за последните 17 месеци, под влијание на најновите знаци за влошување на еврокризата и големиот пад на индексот на економската клима во Германија.

https://p.dw.com/p/15HvC
Фотографија: picture-alliance/dpa

Цената на нафтата на лондонската берза се спушти на најниско ниво за последните 17 месеци, под влијание на најновите знаци за влошување на кризата во еврозоната, откако индексот на економската клима во Германија забележа најголем пад од 1998 година.

Цената на барел нафта накусо потона и до 94,44 долари, најниско ниво од јануари 2011 година, по што се стабилизираше на 95,43 долари за барел, што е 63 центи поевтино во споредба со вчерашниот ден. На американската берза барелот поевтини за 19 центи, на 83,08 долари.

Пазарите на нафта ги притисна податокот за најголем пад на индексот на
германската економска клима ZEW од 1998 година, сигнализирајќи дека ниту
најсилната европска економија не е имуна на кризата.

Сепак, падот на цената беше забавен по шпекулациите дека толку слабите показатели ќе ја принудат Европската централна банка да вбризга нова инјекција за ликвидност, па дури и да ја спушти референтната каматна стапка.
Дел од брокерите предупредуваат на нов пад на цената на нафтата, откако беше
пробиена психолошката граница од 95 долари за барел.