1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Централноафриканската Република - ново буре барут

Хилке Фишер/Жана Ацеска12 декември 2013

Во Централноафриканската Република убивањето продолжува, и покрај засиленото воено присуство на Франција и Африканската унија. Досегашните напори не се доволни за стабилизирање на земјата, предупредуваат критичарите

https://p.dw.com/p/1AXul
Фотографија: Fred Dufour/AFP/Getty Images

Меѓународната воена мисија во Централноафриканската Република е во полн ек, откако неодамна Советот за безбедност на ОН даде согласност за неа. Франција веќе премести во кризната земја повеќе стотици свои војници. Африканската Унија планира наскоро своите мировни трупи од 2500 да ги зголеми на 6000 војници.

Француската армија веќе започна со разоружување на милициите во главниот град Бангуи. Акцијата на почетокот оди доста добро, велат од Генералштабот од Париз. Но, зададен беше и првиот удар-двајца француски војници беа убиени во понеделникот вечерта (10.12.2013) во борбите во Бангуи. Францускиот претседател Франсоа Оланд се поклони пред ковчегот на загинатите војници во Бангуи. Мисијата во ЦАР е „опасна, но неопходна заради спречување на крвопролевањата“, рече Оланд.

"Отпорот против разоружувањето можеше да се очекува, смета Тири Виркулон, директор на централноафриканската тинк-тенк Меѓународнакризна група. Бунтовниците никогаш не изјавија дека се подготвени да го предадат оружјето. Централноафриканската преодна влада пред неколку месеци се обиде безуспешно да ги убеди во тоа, вели експертот.

Französische Truppen patrouillieren in Zentralafrikanischer Republik 8.12.13
Француски трупи во БангуиФотографија: S.Kambou/AFP/GettyImages

Според набзљудувачите, ослободувањето на Централноафриканската република, и покрај најновото засилување преку меѓународните трупи, ќе биде потешко отколку што претпоставуваше француската влада. Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан најави кратка мисија со цел враќање на мирот и стабилноста во земјата.

Претседател без моќ

Претседателот на Централноафриканската Република Мишел Џотоди делува парализиран по суровите недела кои секојдневно се случуваат во неговата земја. И врз Селека бунтовниците, кои во март му помогнаа да дојде на власт, тој веќе нема влијание - на бунтовниците им припаѓаат многу борци дојдени од соседните држави Чад и Судан. Тие под своја контрола имаат големи области во ЦАР и не дозволуваат никој нешто да им диктира.

Иако Џотоди ја поздрави интервенцијата на меѓународната заедница, трупите на Франција и на Африканската унија не можат многу да се надеваат на поддршка на војската на ЦАР.

Zentralafrikanische Republik Vereidigung Michel Djotodia
Мишел Џотоди, самопрокламираниот претседателФотографија: STR/AFP/Getty Images

„Националната армија е во катастрофално лоша состојба, речиси не постои. Меѓу безбедносните сили и натаму има такви кои соработуваат со бунтовниците Селека“, проценува Жан Клод Ајард, директор за истражувања на Институтот за меѓународни и стратешки односи во Париз. Според него, ќе биде екстремно тешко да се воспостави безбедност со сегашната бројност и сила на меѓународните трупи.

Стабилност, но не и нормалност

„Неколку илјади војници на Африканската Унија и на Франција не се доволни за обезбедување мир, овозможување доставување хуманитарна помош и постигнување политичко решение“, верува и Луис Маџ, референт за Африка во Хјуман рајтс воч. Важно е да се елиминираат околностите кои воопшто доведоа до бунтот на Селека бунтовниците: муслиманското население во североисточниот дел од земјата е силно запоставено од владата.

„Борците на Селека ми рекоа дека пред да стигнат во Бангуи, немале видено асфалтиран пат. Во развојната програма за земјата мора да бидат вовлечени итно и други големи региони“.

Но, во меѓувреме развојот е одложен на долги патеки во целата земја. Многу сообраќајници веќе не се проодни, блокирана е важната трговија со соседниот Камерун. Хуманитарните организаци проценуваат - околу половина милион луѓе се во бегство од нивните родни села. Двојно повеќе не се во состојба сами да ги покријат дневните потреби од храна. Стотици илјади егзистении се уништени, само во главниот град Бангуи во борбите минатата недела загинаа над 400 лица. Ако на меѓународните трупи и им успее повторно да воспостават стабилност во ЦАР, до состојбата на нормалност има долг пат.

Религијата како поттикнувач на судирите

Новиот бран насилство во Централноафриканската Република започна пред околу една година. Бунтовничката коалиција Селека освои големи делови од земјата, во март продре до престолнината Бангуи. Дотогашниот претседател Франсиз Бозизе избега, а бунтовничкиот предводник Мишел Џотоди самиот се промовира за нов шеф на државата. Тој во септември го расформира официјално бунтовничкиот сојуз, но поранешните борци на Селека и натаму извршуваат злосторста врз цивилното население. Како реакција на тоа, се формираат локални групи за самоодбрана, Анти-Балака. Многу од нив соработуваат со привраниците на соборениот претседател Бозизе.

Zentralafrikanische Republik Gewalt
Анти-Балака се борат против бунтовниците на Селека и муслиманитеФотографија: picture-alliance/AP

Кон политичкиот конфликт се надоврзува и верската компонента: бунтовниците Селека се муслимани, кои сочинуваат околу 15 проценти од централноафриканското население. Анти-Балака ги поистоветува сите муслимани со Селека и исто така убива цивили и ги пали нивните села. Досега муслиманите и христијаните во ЦАР живееја мирен соживот. Но, сега луѓето се чувствуваат принудени да се стават на страната на една од партиите, во зависност од својата религија, надевајќи се на заштита.