1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦИА и случајот Ајхман

8 јуни 2006

Судејќи според последните објавени документи, американската ЦИА и западногерманската тајна служба знаеле на која локација во Аргентина во 50 ите години се криел нацистот и воен злосторник Адолф Ајхман. Од обзир кон Ханс Глобке, кој исто тајка бил нацист, а подоцна и советник за безбедност на тогашниот германски канцелар Конрад Аденауер, информациите биле држени во тајност. Ајхман во 1962 година е фатен од ст

https://p.dw.com/p/Ac5z
Адолф Ајхман
Адолф АјхманФотографија: AP

�ана на израелската тајна служба Мосад, а нешто подоцна е егзекутиран

Агентите на западногерманската тајна служба ја информирале ЦИА уште во 1958 година, дека Ајхман живее во Аргентина под псевдоним Клеменс. Меѓутоа се стравувало дека неговото апсење во тоа време би го загрозило тогашниот државен секретар на Конрад Аденауер, Глобке кој и самиот бил висок офицер на СС и ќе предизвика криза во германската влада.

Глобке во нацистичкиот режим бил висок функционер во министерството за еврејски прашања, соработуваше во изработка на антисемитистичките закони. Заради тоа Германија ја замолила ЦИА да молчи. По две години израелскиот Мосад го открива идентитетот на Ајхман, подоцна е киднапиран и префрлен во Израел, каде во 1962 е убиен.

Се` ова може да се види во документите кои во Вашингтон ги објави националната архива. Тимоти Нејфтејли историчар на државниот универзитет во Вирџинија ги студирал овие акти напишани на 20.000 страници

„Кога почна студената војна, САД ја напуштија политиката за потрага по нацистите. Во овој конкретен случај, владата во Бон стравуваше дека Ајхман би можел да го обвини и Глобке„

Судејќи според информациите на израелскиот историчар Том Сегев, ловецот на нацистите Симон Визентал уште во 1954 година имал некои информации околу тајната локација на Ајхман. Сегев за Дојче веле нагласи дека е можно Визентал уште тогаш да ги информирал американците за тоа„

По разоткривањето на Ајхман, ЦИА вршела притисок врз новинарите за да се премолчат деталите кои би можеле да се одразат негативно врз Глобке. Така, магазинот Тајм на инсистирање на директорот на ЦИА, Ален Дакес мораше да го исфрли името на Глобке од еден текст во кој станувало збор за животот на Адолф Ајхман. Документите кои се објавени врз основа на законот од 1999 исто така покажуваат дека американџците за време на студената војна користеле информации од поранешните нацистички агенти, за да го шпионираат Советскиот сојуз. Таквата пракса историчарот Роберт Волф вака ја опишува:

„ Бескурполозно биле врбувани лоши карактери од кругови блиски на непријателот, бидејќи добри шпиони со чисто минато се вистинска реткост„

Преставниците на еврејскирте заедници, како поранешниот член на Конгресот Елизабет Холцман изразуваат негодување. Според нејзе ЦИА не само што не сторила ништо, туку постапила спорно во морална и практична смисла