1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦИА собира податоци за меѓународните трансфери на пари

ЕМФ/дв15 ноември 2013

Американската тајна служба ЦИА собира податоци за меѓународни трансфери на пари, кои на пример одат преку претпријатија како „Вестерн Унион“. Со тоа се собираат и податоци на милиони американски граѓани.

https://p.dw.com/p/1AIHb
Фотографија: Gary Gershoff/WireImage/Getty Images

Весниците „Њујорк Тајмс“ и „Вол Стрит Журнал“ пишуваат за програмата на ЦИА, која се заснова на истиот закон кој на тајната слуба НСА и‘ дозволува пристап до телефонски разговори. Притоа весниците се повикуваат на неименувани извори во Владата и поранешни службеници. Портпарол на „Вестерн Унион“ не одговори директно на прашањето за надгледувањето на податоците, но рече дека фирмата ги исполнува своите законски обврски за доставување на информации.

Според информациите на „Њујорк Тајмс“ и „Вол Стрит Журнал“, ЦИА ги надгледува трансферите со кои влегуваат или излегуваат пари од САД, но не и трансферите на пари во рамките на државата или трансферите меѓу американските банки. Сепак, за да се донес еодлука за надгледување на трансферите, потребно е да се има индиции за поврзаност со терористички организации, нагласува еден службеник во американската администрација. Освен тоа, податоците што се собираат по неколку години се бришат. „Њујорк Тајмс“ тврди дека во САД има уште програми за собирање на податоци кои досега не се откриени.