Ципрас во Москва: Ќе се поправи ли она што се расипа поради Македонија?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска е во работна посета на Москва. Има голема потреба за разговор, сметаат експертите. Грчко-руските односи се влошија поради Македонија.

Минатото лето билатералните односи беа паднати на најниско ниво: Грција одби да им даде одобрение за влез на двајца руски дипломати, за возврат Москва протера двајца грчки дипломати. Во позадина беше решавањето на долгогодишниот спор околу името „Македонија“. Грчкото министерство за надворешни работи во тоа време посочи дека дипломатите се обиделе да поткупат функционери со цел да се спречи приближување со соседната земја. Поради тоа планираната посета на Грција на шефот на руската дипломатија Серегеј Лавров е откажана. Кратко потоа грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас дава оставка, по што оваа позиција ја презема лично Ципрас. Повод за повторно приближување до Кремљ?

Повеќе: Криза во односите на Русија и Грција поради Македонија

Политикологот Танос Веремис е скептичен: „За односите помеѓу Грција и Русија е лошо тоа што Атина сѐ уште го поддржува договорот со Македонија“, вели овој експерт во разговор за ДВ. Москва сака северниот сосед на Грција да го држи настрана од западно влијание. И тоа така ќе остане – без разлика кој го води министерството за надворешни работи во Атина. Повторно приближување во вакви услови е тешко, смета Веремис. „Во моментов Ципрас игра на картата на САД и тоа е разбирливо од негова гледна точка. Имено, таму си ја гледа иднината – ако воопшто има некаква иднина“, нагласува овој експерт.

NATO Gipfel in Brüssel Mazedonien Einladung zu Beitrittsgesprächen

Трн в око за Русија: Македонија стреми кон НАТО

Враќање кон економијата

Се чини минато се времињата кога левоориентираната влада во Атина во зенитот на должничката криза се вртеше кон Москва, па ЕУ-партнерите мораа да ја потестуваат на „лојалноста“. За време на посетата на Москва во април 2015 година Ципрас се соочи со фактот дека Кремљ и покрај тоа што вети „продлабочени економски односи“ нема да даде конкретна финансиска помош за излез од кризата. „Грчката страна не побара помош од нас", изјави тогаш претседателот Владимир Путин. Притоа, тој имаше поголем интерес за тесна соработка во енергетскиот сектор. Уште тогаш Путин и Ципрас преговараа за учество на Грција во Турскиот тек, преку кој треба да се пренесува руски гас од Црното Море кон Европа. Оваа тема е на агендата и овој петок.

Повеќе: Шоу на Путин и Ердоган за гасовод со неизвесна иднина

Од грчки аспект Турскиот тек е интересен проект, вели Танос Докос, раководител на атинскиот тинк-тенк Елиамеп. Но „Грција ќе влезе во проектот кога ЕУ и САД ќе дадат согласност", проценува овој политиколог за ДВ. Прашање е дали ќе дојде до тоа – особено поради тоа што САД ја следи својата политика во регионот испораката на гасот од Југоисточна Европа да оди преку северното грчко пристаниште Александрополис, смета Докос. За дополнителни компликации во источниот Медитеран се погрижија и турските закани против Кипар поради планираното производство на гас/нафта од источниот брег на поделениот остров. Според информациите на левориентираниот „Весник на уредниците“, Ципрас и Путин на нивната средба сакаат да зборуваат и за „развојот на настаните во источниот Медитеран". Политикологот Веремис верува дека е во интерес на Гриција, западните сиили да ги вклучи во енергетско-политичката дебата и да ги посочи противречностите на турската политика: „Не може една земја членка на НАТО, како што е Турција, од една страна да искористува руски енергетски извори, а од друга да бара западни енергетски компании за да произведува гас во Кипар."

Griechenland Vladimir Putin besucht Athos

Православни браќа: Рускиот претседател Путин во посета на Атос, во мај 2016 година

Криза во православието

И покрај бројните разлики, се очекува Ципрас и неговиот руски домаќин да потпишат повеќе билатерални трговски договори, како и договори за културна размена. Покрај ова, посетата е можност и за размена на убави зборови во духот на христијанството и за зајакнување на православното братство меѓу двете земји. Иако и тука постои опасност од катастрофа: Во светло на украинската криза, владата во Киев врши притисок за независна православна црква, осамостоена од Русија. За тоа доби поддршка од Вселенски патријарх од Констатинопол – највисокиот поглавар на православната црква со седиште во Истанбул, кој негува добри односи со Грција. Последниот конфликт за црковна независност на Украина „значително придонесе за влошување на односите меѓу Атина и Москва“, напиша атинскиот весник „Та неа".

Според проценките на политикологот Веремис ситуацијата е покомпликувана отколку што се чини на прв поглед. „Екуменскиот патријарх има своја агенда која не е секогаш идентична со онаа на грчката црква или пак со агендата на владата во Атина," нагласува тој. Ако оваа тема се појави на разговорите во петок, тогаш грчката влада веројатно ќе се повика на тоа дека нема надлежност да се меша во работата на Патријархот.

Теми