1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Циприс - Јунг дебата и закон за анти тероризам во Германија

19 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhQc

Бундестагот денеска попладне ќе расправа околу спорната изјава на министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг, да се урне патнички авион грабнат од терористи во случај на опасност. Изјавата наиде на големи критики како кај помалиот коалиционен партнер така и кај опозиционите пертии во Германија.

На критика наиде и предлогот за промена на законот за анти терорзам на министерката за правда Бригите Циприс. Министерката има намера, терористите кои се обучуваат во тренинг кампови, да ги казни со до десет години казна затвор, исто така ширење на технички упатства за терористички чинови треба да биде казниво тело. Според Волфганг Бозбах од ЦДУ, предлогот тешко може да се спроведе во пракса, а сличен став има и министерот за внатрешни работи на Баварија Гинтер Бекштајн.