1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Црвената Зора“ како магнет за младите?

29 ноември 2009

Концертните и оперски куќи во Германија веќе подолго време се обидуваат да привлечат млада публика. Во Комичната опера во Берлин, претставите за млади имаат долга традиција. Секоја сезона на репертоарот има нови дела.

https://p.dw.com/p/Kj5I
Сцена од операта „Црвената Зора“Фотографија: picture alliance / dpa

Минатата година тоа беше праизведбата на Робин Худ на Фран Швемер, додека оваа година е одржана премиерата на детската опера „Црвена Зора“. Делото почнува многу суптилно, со танц во двојки на фолклорна музика. Но веднаш потоа на сцената излегуваат носителите на претставата - дванаесетгодишниот Бранко, кој поради смртта на мајка му останува без роден крај, неговиот татко кој ги обиколува градовите на хрватското приморје и Зора, црвенокоса предводничка на банда деца, која се грижи сама за себе и дури има и своја химна.

Дејството се случува во Југославија

Книгата „Црвената Зора и нејзината банда“ се вбројува во класичната детска литература. Првото издание е објавено пред речиси 70 години во 1941 година. Нејзин автор е Курт Клебе, новинар, книжевник и борец за правда, познат под псевдонимот Курт Хелд.

Buchcover Die rote Zora und ihre Bande von Kurt Held
Насловната страна на книгата „Црвената Зора и нејзината банда“Фотографија: Sauerländer

Тој во 1930 година ја посети Југославија и тука наиде на бандата сирачиња која ја предводеше едно црвенокосо девојче. И токму доживувањата на ова девојче тој ги тематизира во својата книга. Во седумдесетите години, врз основа на оваа книга, е снимена телевизиска серија, а пред една година и филм. И како што тоа обично се случува, само мал број гледачи ја познава книгата врз основа на која е направен филмот.

Накусо, книгата говори за полусиракот Бранко, кој и‘ се приклучува на бандата на Зора која е во постојан судир со полицијата. Нив ги гони познатиот трговец со риби Караман. Но, децата успеваат да се извлечат од густата ситуација. Поддршка за тоа им дава стариот рибар Горијан. Тој успева да го убеди градот дека на сирачињата им е потребна помош за да научат како самите да заработуваат за живот.

Млада босанска режисерка

Либретото на Терезита Колоредо строго се држи до дејството на романот. И младата босанска режисерка Јасмина Хаџиахметовиќ останува верна на оригиналот: „Сметам дека овде станува збор за роман кој на децата им овозможува влез во светот на операта. Инаку, секогаш се работат класични детски претстави. Јас сметам дека ваков материјал, кој говори за девојче кое предводи банда од момчиња е сосема погоден за сценска обработка.“

Музиката за операта ја напиша австриската композиторка Елизабета Наске.

„Музиката е сестрана и шаренолика. Има многу елементи на акција, на пример кога бандата се бори. Има многу ритмички моменти, а потоа повторно почнува меланхолична музика или фолклор. Музиката е многу сликовита.“

Иако операта речиси и нема единствен стил, младата публика реагира главно позитивно, а од критика се воздржуваат и родителите.

Автор: Зигриф Хоф/ Симе Недевски

Редактор:Жана Ацеска