1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски:планот на Ахтисари не е против државните интереси

Свето Тоевски5 февруари 2007

Македонскиот претседател во Тетово ги повика градоначалниците и советниците од ДУИ да се откажат од заканата за прекин на врската со централната власт,а пратениците да се вратат во Собранието

https://p.dw.com/p/AdZW
Нов апел до ДУИ-Црвенковски
Нов апел до ДУИ-ЦрвенковскиФотографија: AP

Планот на Марти Ахтисари за статусот на Косово е прифатлив за Македонија,оцени денеска во Тетово претседателот на Македонија Бранко Црвенковски.

-Планот на господинот Ахтисари,барем во делот кој во оваа фаза беше јавно обелоденет,оценувам дека со решенијата кои ги содржи не ги загрозува националните и државни интереси на Република Македонија,уште повеќе во делот кој се однесува на демаркацијата на границата во делот кон Косово,можам да речам дека се работи за добро дефиниран дел,така што се земени во предвид нашите позиции и ставови.Со други зборови,овој план,така како што е предложен,Република Македонија може да го поддрѓжи.

Македонија не е е дел ниту решение на косовскиот проблем,ние водиме сметка,како што рече претседателот Црвенковски,да не бидат загрозени државните и националните интереси на државата,но и за позицијата на меѓународната заедница.Македонија инсистира на политичка стабилност во регионот и на функционирање на институциите и на стандардите на Косово.

Шефот на државата денеска во Тетово раговараше со градоначалникот Хазби Лика за децентрализацијата,при што упати нов апел:

-Ја користам оваа прилика јавно да ги повикам градоначалниците на политичката партија ДУИ и партијата да ги повикам да ја вршат својата функција нормално во корист на граѓаните,градоначалничките функции и советничките во советите на општините,дека нивното место е да бидат дел од заедничката организација на единиците на локалната самоуправа,како што и местото на пратениците на ДУИ е во собранието на РМ.Не би требало да се продолжи да се поддржува онаа погрешна одлука за бојкот на институциите.

Градоначалникот на Тетово Хазби Лика ја изнесе оценката дека наводно според него владата на Македонија и премиерот Никола Груевски ја попречуваат реализацијата на повеќе проекти од животен интерес на граѓаните, меѓу кои го спомена и наводното попречување на реализацијата на водоводот за Тетово,вреден 75 милиони евра.Во меѓувреме македонското министерство за финансии соопшти дека тие пари сепак ќе бидат во оваа година пуштени за реализација на овој капитален објект.