1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски во Брисел разговара со Де Хоп Шефер

5 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmsF

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, денеска во Брисел треба да води разговори со генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер. Комитетот за интеграција на Македонија во алијансата, вчера во Скопје, донесе заклучок дека преземенитеобврски на земјата за интегрирање во НАТО се одвиваат согласно предвидената динамика, дури и побрзо од неја. По завршувањето на седницата на Комитетот, портпаролот на владата Ивица Боцевски вчеравечер изјави дека владата нема информација за нова опција од Брисел, според која Македонија ќе добие покана за членство во НАТО, но за полноправно членство во алијансата ќе чека до 2010 година.