1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски за преговорите за името

24 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BitY

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски изјави дека Македонија ќе ги продолжи преговорите за името во Њујорк и покрај преседанот што ОН водат спротивна политика од 117 земји членки кои веќе го имаат признато уставното име на земјата. Разговорите ќе продолжат заради нашите национални и државни интереси, изјави Црвенковски по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Првиот човек на светската организација изразил надеж дека по изборите во Грција ќе биде создадена поповолна ситуација за продолжување на разговорите со Атина за уставното име на Македонија. Црвенковски инаку ќе учествува на генералното собрание на ОН што започнува денеска.