1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски и Груевски за приоритетите на Македонија

Александар Чомовски 16 ноември 2007

Македонскиот претседател Црвенковски и премиерот Груевски денеска на Саемот на општините во Скопје, јавно ги изнесоа оценките за приоритетите на државата на патот кон НАТО како и за спорот со иметот со Грција.

https://p.dw.com/p/CI7O
На саемот во СкопјеФотографија: Macedonian Information Agency

Македонија е пред неповторлива шанса, барем НАТО членството да има изгледна реализиаицја. Има две крупни пречки: спорот околу името и агенда од три – четири домашни приоритетни реформски задачи во чиј епициентар се меѓуетничките односи и политичката стабилност.

За овие приоритети, претседателот и премиерот на државата имаат јавни оценки, кои ги дадоа на Скопскиот саем, но во одделни хали. За последните пораки од Париз и Вашингтон околу имто и дипломатската офанзива на Грција претседателот Бранко Црвенковски рече „Разликите кои што постојата меѓу нас и Грција оклолу прашањето на нашето уставно име, не се критериум за прием во НАТО, и дека ова што се обидува да го направи Грција е еден билатерален спор да го вметне во критериумите за членство во Алијансата. Втората работ е, со најавите што ги дава Грција за евентуално вето, при приемот на Република Македонија, всушност најавува грубо кршење на спогодбата потпишана меѓу двете земји.“ смета Црвенковски

Премиерот Никола Груевски истакна „Она што е важно и што се надевам дека ќе го разбертат луѓето кои се на врвни позции во државите во ЕУ е дека ние многу сакаме да станеме членки на НАТО, и сакаме да влеземе во НАТО, не сакаме да не носат на носилки со скршена кичма и верувам дека во наредните месеци, тоа ќе биде разбрано и од државите на ЕУ и дека нашиот сосед Грција ќе го разбере тоа.“ рече Груевски

За првпат шефот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски, своето разногласие го доближија околу најновата политичка ситуација, приоритетите, албанско – албанскиот дуел, но и застојот во законските реформи. „Можеби најпаметно е и го двам тој предлог, да прогласат мораториум во наредните два, три или четири месеци за сите оние работи кои не се клучни и важни во државата, а може да предизвикуваат кавги во собранието, да се фокусираме само на она што не обврзува во остварувањето на нашите стратешки цели, да се посветиме да покажеме малку поголема, добра волја и поголема одговорност.“ рече Црвенковски

„Парламентот мора да го следи темпотот на Владта, Владата има многу големо темпо, произведува многу работа за Парламентот, а во Парламентот не само што не се следи туку намерно се кочат од страна на СДСМ и ДУИ. Тоа е кочење на Македонија на патот кон ЕУ но и кочење кон созадавање на поквалитетен живот на граѓаните“ рече премиерот Никола Груевски

Бранко Црвенковски го напушти традиционалниот саем на невладиниот сектор кога премиерот го отвори во халата на претставување на општините. Говорот на Груевски се преведуваше симултано на албански затоа што 20 насто од локалната власт е во рацете на оваа етничка заедница. Тој аспект од Охридскиот договор и негова целосна реализиција го забележа и ЕУ претставникот Ерван Фуере, а америакснакта амбасадорка Џилијан Миловановиќ зборуваше на македонски со извореден акцент на изучениот литературен јазик.