1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски и Груевски разговараат за проблемот со името

16 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNh

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски ја разгледуваат стратегијата и натамошните чекори во врска со проблемот со името со Грција. На средбата според најавирте треба да стане збор и за снимките со антимакедонски скандирања на грчките војници на парадата пред претседателот на Грција, за што МНР вчера упати и официјална протестна нота до Атина. Премиерот Никола Груевски изјави дека од денешната средба не треба да се очекуваат спектакуларни резултати. Македонија во однос на спорот со името останува на планот за двојна формула - едно име за билатерална комуникација со Грција и уставното име за преостанатиот дел од светот.