1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски се сретна со Шефер

Слободанка Јовановска29 јануари 2007

Македонија може да си го наруши имиџот што го има во НАТО, доколку власта и опозицијата не комуницираат - порача денеска во Брисел, генералниот секретар на Алијансата Де Хоп Шефер. На средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски стана збор и за косовоското прашање.

https://p.dw.com/p/Abzk
Црвнковски и Шефер во Брисел
Црвнковски и Шефер во БриселФотографија: Macedonian Information Agency

Македонија поминува низ политичка турбуленција. Нарушениот политички дијалог може да ја загрози перцепцијата за земјата во Алијансата. Со ваква политичка порака генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер го пречека денеска претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во Брисел.

За Шефер нормално е власта и опозицијата да не се согласуваат секогаш, но за Македоанија е важно да бидат исчистени од пречки сите канали на политичка комуникација. Средбата со Шефер беше единсвената на агендата на македонскиот претседател Бранко Црвенковски за денеска во Брисел. Ден откако власта го отфрли новиот предллог за дијалог од страна на СДСМ, Црвенковски се обиде да го увери Шефер дека не станува збор за политичка криза туку само за дневно политички интереси и политички суети на партиите.

Генерално Де Хоп Шефер беше задоволен од реформите во Македонија, за кои смета дека се на добар колосек, но сеуште не гарантираат дека замјата ќе добие покана за членство.

Околу Косово, Шегфер извести дека НАТО е оперативно подготвен и ќе се справи со сите безбедносни сценарија, а политички има големи шанси но не и гаранции сите земји членки да застанат зад предлогот на Марти Ахтисари.

Претседателот Црвенковски рече дека Македоанија сака трајно, а не транзиционо решение за Косово и дека на земјата многу би и било полесно ако ЕУ и НАТО излезат со усогласена позиција.

Де Хоп Шефер по средбата со македонскиот претседател испрати и предупредување околу спорот со иметот со Грција, барајќи двете земји да се воздржат од активности кои би го отвориле како проблем ова прашање внатре во Алијансата. Спорот за името е билатерално прашање меѓу вас и Грција и погрижете се тоа да остане надвор од Алијансата, изјави Шефер по средбата со Црвенковски.