1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црвенковски ја продолжува посетата на Брисел

4 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bme0

Македонскиот претседател, Бранко Црвенковски, денеска во Брисел треба да присуствува на претседателската вечера по повод 50 годишнината од Римскиот договор. Вчера тој имаше одвоени средби со Високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување, Оли Рен. На двете средби од Македонија беа побарани конкретни резултати во реформите во судството, полицијата, администрацијата и борбата против корупцијата. Солана и Рен остро ги осудија неодамнешните инциденти во македонскиот парламент и апелираа што побргу да се утврди кои се одговорни за тие настани. Во рамките на тридневната посета на Брисел, македонскиот претседтел Бранко Црвенковски ќе има средба и со генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер.