1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора, 47-ма членка на Советот на Европа

18 април 2007
https://p.dw.com/p/AgCp

Советот на Европа одлучи да ја прими Црна Гора како своја 47-ма членка, една година откако оваа земја прогласи независност. Официјалниот прием е планиран за 11 мај. Црна Гора од 2003-та до 2006-та го делеше членството во Советот со Србија . Пратениците на Парламентарното собрание на Советот кое заседава во Стразбур , порачаа дека Црна Гора направила демократски напредок но побараа да биде усвиоен нов Устав во земјата.