1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црногорците на протест против зголемените цени за електрична енергија

21 јануари 2012

Поради зголемување на цената на електричната енергија во Црна Гора денеска (21.01) на протест пред владата во Подгорица излегуваат работници, пензионери, дел од невладиниот сектор, студенти, војници и пратеници.

https://p.dw.com/p/13nZS
Од први јануари годинава сметките за струја во Црна Гора се повисоки за 7 процентиФотографија: AP

Организаторите на протестот, Унијата на слободните синдикати и невладината организација Мрежа, соопштија дека протестот се организира поради зголемувањето на цената на електричната енергија, која за домаќинствата од почетокот на годинава е повисока за седум проценти.

Deutschland Energie Strom Strommast Industrie klagt über unsicherere Stromversorgung
Владата пресметала дека домаќинствата ќе плаќаат само две евра повеќе за поскапата електрична енергијаФотографија: dapd

Јавноста притиска да се повлече одлуката за зголемување на цената на струјата, а црногорската влада вчера (20.01.) соопшти дека нема влијание на Регулаторната агенција за енергетика.

На седница на социјалниот совет беше оценето дека зголемувањето на цената на електричната енергија од седум проценти не би требало да влијае на растот на цените на основните животни намирници. Според претходните пресметки на црногорската влада, сметките за струја би требало да бидат повисоки за само две евра.

Претставникот на Унијата на слободни синдикати Срџан Кековиќ соопшти дека протестот нема политичка конотација и дека се однесува исклучиво на зголемувањето на цената на електричната енергија.

Автор: Александар Методијев /бета/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска