1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чавес во тешка здравствена состојба

БГ/миа5 март 2013

Претседателот на Венецуела се наоѓа во тешка здравствена состојба откако заболел од респираторна инфекција. Чавес со недели е во болница на терапија по операцијата од рак на карлицата.

https://p.dw.com/p/17qSX
Фотографија: Reuters

Проблемите на венецуелскиот претседател Хуго Чавес со дишењето се влошени. Социјалистичкиот лидер, кој беше опериран од рак во Куба, боледува од нова, тешка респираторна инфекција, соопшти владата на Венецуела. Во официјалното соопштение за здравствената состојба на Чавес, објавено на телевизија, министерот за информации Ернесто Вилегас истакна дека состојбата на 58-годишниот претседател на Венецуела останува многу деликатна и тој прима тешка хемотерапија. На Чавес во јуни 2011 година му беше откриен рак во областа на карлицата. Соопштено е дека тој бил опериран во Куба и подложен на хемотерапија. Во декември минатата година тој повторно замина за Куба, на нова операција. На 18 февруари се врати во Каракас и се наоѓа во воена болница во Каракас. Од последната операција венецуелскиот лидер се нема појавено во јавност.

Стотици опозициски симпатизери во неделата се собраа во Каракас и побараа од владата да им соопшти детали за здравствената состојба на Чавес. Опозицијата смета дека власта не ја кажува вистината за состојбата на Чавес.