1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чекор на приближување

Петер Кујат 4 октомври 2007

Меѓу комунистичката Северна Кореја и Јужна Кореја, по војната меѓу двете држави пред повеќе од 50 години се оддржаа само две официјални средби на највисоко политичко ниво. Втората од нив заврши денеска и носи надеж.

https://p.dw.com/p/BmTl
Ро Му Хун и Ким Јонг ИлФотографија: AP

За време на неговата дводневна посета во главниот град на Северна Кореја Пјонгјанг јужно корејскиот претседател Ро Му Хјун доживеа неколку изненадувања: На почетокот на средбата, неговиниот северно корејски колега го дочека со воени почести и голем број Северно Корејци. Иако оваа прва средба се оценува како ладна, за време на разговорите двајцата претседатели сепак најдоа заедничка база. Потоа и двете страни разговорите ги оценија како отворени и содржински. Се зборувало за сите отворени прашања, кои јужно корејската делегација ги имаше на својата агенда, појасни портпаролот на Ро пред новинарите во Пјонгјанг.

Кон ова припаѓаат и мерките за градење на доверба за да се етаблира траен мир на кореанскиот полуостров, засилување на обостраното разбирање и изградба на економските односи се вели во меѓувреме од Сеул. Тоа се воедно и точките кои се појавуваат и во потпишаната заедничката декларација. Во која форма ќе бидат спроведени, ќе утврди експертска група. И ако резултатите на вториот меѓукорејски самит не носат изнанедувања останува фактот што воопшто се оддржа оваа средба, важен сигнал.

Nordkoreas Propagandaspektakel Arirang
Гимнастички спектакл во Северна КорејаФотографија: AP

На почетокот на втората рунда преговори северно корејскиот водач му предложи на гостинот од Јужна Кореја да остане уште еден ден за на мира да може да ги разгледаат сите точки, но Ро одби. Вечерта се оддржа уште гимнастички танцувачки спектакал, во кои беа отфрлени некои делови каде се велича комунистичкиот Север и партијата. Ким Јонг Ил не присустввуваше на оваа манифестација.

Претседателот Ро на враќање кон дома ќе застане и во специјалната економнска зона Каесонг, каде јужно корејски фирми на територија на Северна Кореја, со Сверно корејски работници произведуваат ефтини производи. Тие се продаваат во Јужна Кореја или се експортираат. Специјалната економска зона беше воведена по првата средба на двете држави во 2000 тата година и сега треба да биде проширена.

Дали заедничката изјава на вториот внатрекорејски самит нависитна ќе ги донесе и посакуваните конкретни чекори, останува да се почека. Јужно Корејскиот претседател на функцијата е уште четири месеци, по што нов претседател ќе мора да ги продлаболчува односите со Северна Кореја.