1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Челзи стана „мисис“

1 август 2010

Ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и актуелната државна секретарка Хилари Клинтон, се венчаше со нејзиното долгогодишно момче, инвестицискиот банкар Марк Мензвински.

https://p.dw.com/p/OZLe
Фотографија: AP

Раскошната свадба се одржа на имотот Астор Кортс, во гратчето Рајнбек во државата Њујорк.

Бил и Хилари Клинтон објавија со соопштение дека нивната ќерка Челзи и Марк Мезвински се венчаа. Медиумите беа исклучени од свеченоста.

Hochzeit von Chelsea Clinton und Marc Mezvinsky
Фотографија: AP

„Денеска со голема гордост, скршени од емоции гледавме како Челзи и Марк се венчаа на прекрасна церемонија на Астор Кортс, опкружени со родителите и блиски пријатели“, се наведува во соопштението, кое го пренесуваат американските ТВ мрежи.

На свеченоста беа присутни повеќе од 400 гости. Трошоците за венчавањето се проценети на три до шест милиони долари, а само свадбената торта чинела 11.000 долари.

Венчавката беше проследена со голем огномет, накитот чинеше 250.000 долари, 200.000 долари се издвоени за безбедност, 250.000 долари за проба на свадбената вечер или во просек 6.000 по гостин.

Во земјата која бавно се опоравува од рецесијата во последните 80 години, има околу 14 милиони невработени, ваквото расфрлање со богатството предизвика критики за брачниот пар Клинтон.

Свадбите се бизнис

Венчавањата во Америка одамна стана посебна индустрија, која годишно донесува околу 40 милијарди долари, но со оглед на тоа што просечната цена за 2,5 милиони венчавање во годината изнесува 28.000 долари, венчавањето на ќерката на Клинтонови далеку отскокнува.

На порталот „nowBuz“ конзервативниот колумнист Роберт Пол Рејс оценил дека се работи за национален срам, обвинувајќи ги Клинтонови дека го следат начелото „ако нема леб, нека јадат торта“.

Hochzeit von Chelsea Clinton und Marc Mezvinsky
Фотографија: AP

Од славните лица на венчавката дошол актерот Тед Дансон, како и Медлин Олбрајт, државната секретарка во администрацијата на Бил Клинтон.

Американските медиуми жалат што до деталите за венчавката било тешко да се дојде, бидејќи сите жители на Рајнбек биле обврзани да чуваат деловни тајни.

Новинарите, кои цел ден бараа славни лица, на крај останале прилично разочарани.

Двајцата младоженци биле пријатели како тинејџери во Вашингтон и како студенти на универзитетот Стенфорд. Сега живеат во сопствен стан во Њујорк.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Борис Георгиевски