1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Четири медали на четрвтиот ден

15 февруари 2006

Германските натпреварувачи освоија четири медали на четвртиот ден од Олимпијадата во Торино . Неверојатна тројна победа во санкање едносед жени и злато во спринт трката во биатлон во машка конкуренција

https://p.dw.com/p/AejO
олимпискиот првак Свен Фишер
олимпискиот првак Свен ФишерФотографија: Picture-Alliance/Agentur

Германските санкачки докажаа дека се една класа подобри од својата конкуренција. Тие извојуваа тројна победа во санкање едносед значи ги освоија сите три олимписки медали во ова натпреварување. Татјана Хифнер беше трета на тешката патека во Чезана , Зилке Краусхар втора а златото како и пред четири години на олимпијадата во Солт Лејк Сити повторно заврши на градите на неприкосновената Зилке Ото:

„Веројатно прво морам да сватам што ми се случи. Солт Лејк Сити беше сон , а ова што денеска уште еднаш го постигнав на оваа тешка патека , сметам дека е уште поголем сон“- изјави Ото.

Свен Фишер , досега има двапати освојувано златен медал на Олимпијадите но во штафетните трки. Германскиот биатлонец во својата 35 година успеја да се закити и со највисокото одличје и во поеднечна трка. Во Торино, Фишер беше најдобар на биатлонскиот спринт на десет километри . Во една извонредна трка тој зад себе ги остави фаворизираните Норвежани:

„Премногу су радосен , бидејќи бев во состојба да ја минам трката без грешки“- изјави Фишер по трката.