1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чешка го прифаќа германскиот компромис

17 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AxV2

Чешка го поддржува новиот компромисен германски предлог за системот на гласање во ЕУ. Решението дојде по денешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел и чешкиот премиер Мирек Тополанек. Чешка претходно спаѓаше во земјите кои беа против системот на гласање утрден во предлог Уставот. За разлика од нив, Полска не го прифаќа предлогот. По вчерашната средба со Меркел, полскиот претседател Лех Качински, изјавил дека двете страни останале на своите позиции, но дека постои желба на претсојниот самит на Унијата да се пронајде компромисно решение.

Варшава бара повеќе гласови за помалите земји членки. Меркел на денеска има средба и со луксембуршкиот Жан Клод Јункер.