1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чешка полуфиналист

28 јуни 2004

Репрезентацијата на Чешка, е четвртиот полуфиналист на ЕП во Португалија. Со синоќешната победа од 3:0 против Данска, Чесите обезбедија пласман меѓу четирите најдобри

https://p.dw.com/p/Aen3
Павел Недвед, асистент на трите гола за Чешка
Павел Недвед, асистент на трите гола за ЧешкаФотографија: AP

Репрезентавтивците на Чешка, со убедливиот настап против Данците го оправдаа епитетот, фаворити на ЕП во Португалија.

Со двата гола на Милан Барош и еден на Јан Колер, Чесите ги прегазија Данците и ги испратија дома. Пвото полувреме, не донесе којзнае какви возбудувања, за разлика од продолжението, во кое фудбалерите на Чешка доминираа на теренот и со ефикасната игра ја крунисаа победата.

Милан Барош, кој во четирите настапи на ЕП постигна 5 гола, е многу среќен од пласманот во полуфинале на неговата репрезентација. Знаевме дека ќе биде тешко, изјави по натпреварот Барош, според кого најважен бил првиот гол кој го Јан Колер.

За Јан Колер, важен бил првиот гол, бидејќи во првото полувреме имале проблеми со играта на Данците

“Во второто полувреме бевме пораздвижени и игравме поагресивно, тогаш го дадовме првиот гол, што за нас беше многу важно, данците во првиот дел беа подобри“

За претстојниот полуфинален натпревар со Грција, Колер вели

“Јас имам голем респект кон грчкиот тим, тие ја победија Франција со еден нула и играат колективно добра игра и затоа во дуелот ќе влеземе со голем респект кон нив“

Причина за неуспехот, според данскиот селектор, Мортен Олсен, е неефикасната игра на неговите репрезентативци. Пропуштивме многу шанси, а од друга страна, им дозволивме лесно да ги реализираат нивните. Олсен оцени, дека неговиот тим бил подобар во првото полувреме, но едноставно неможеле да постигнат гол, проблем, кој за цело време на првенството го мачел неговиот тим.

Полуфиналниот натпревар, со најпријатното изненадување на првенството, репрезенатцијата на Грција кој ја елиминираше Франција, Чешка го игра во четврток. Веќе е позната, полуфиналната двојка, Португалија и Холандија, кои дуелот за пласманот во финале ќе го одиграат ден порано.