1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чиста дипломатија, без политика

3 јули 2007

Средбата на Џорџ Буш и Владимир Путин ја коментира Корнелија Рабиц

https://p.dw.com/p/BCBS
Џорџ Буш и Владимир ПутинФотографија: AP

Никој сериозно не сметаше дека за време на средбата ќе дојде до напредок во решавањето на спорните прташања. Очекувањата уште од почетокот беа мали. На крајот на американско рускиот самит на приватниот имот на Буш, повеќе се зборуваше за возењето со чамец, риболовот, опуштената атмосфера и доброто расположение, отколку за решавањето на тешките проблеми.

Овој самит, кој може да се нарече самит на дпбро расположение, сигнализираше дека кај важните прашања останаа различните ставови и дека во најмала рака за тоа пристојно се разговарало. Тоа е уметноста на дипломатијата, но за жал веќе долго тоа не е политика. Политички Буш и Путин живеат во различни светови, но заедничко им е мислењето околу категориите за одржување и ширењето на моќта.

Рускиот претседател Путин во врскла со спорниот американски антиракетен систем уште еднаш покажа флексибилности предложи соработка помеѓу Русија и НАТО со што стационирањето на системот во Полска и Русија би бил одвишен. Исто така во системот би можело да биде вметната нова радарска станица на југот на Русија. Но уште пред средбата беше јасно дека американскиот претседател тоа ќе го одбие, бидејќи Буш својата одлука ја донесе претходно.

Идниот статус на Косово и натаму останува спорно прашање, исто како и односот со Иран. Русија и САД уште од претходно се со спротивни мислења кога станува збор за демократијата и правната држава. Во позадината на оваа фамилијарна средба на американскиот брег не се криеше предизборната кампања. Секој претседател својата домашна клиентела демонстративно ја услужуваше со добра слика и привлечен опуштен разговор. Тешките преговори, вкочанети лица и големи делегации се тешки елементи во едно такво инсценирање.

Џорџ Буш веќе со месеци нема голема поддршка. Како на внатрешен така и на надворешно политички план, тој неможе да делува. Набљудувачите веќе на него гледаат како формален претседател без влијание . Добриот глас на супер силата САД е тешко разнишан.

Владимир Путин, за разлика од Буш, е во зенитот на својата моќ. Неговиот претседателски мандат исто така е пред крајот, но рускиот претседател не е подготвен да се повлчече од политичката сцена. Тој и натаму ќе го утвдува политичкиот курс на својата земја. Тоа е голема разлика помеѓу двајцата претседатели. Добри се шансите Путин со наследникот на Џорџ Буш еден ден исто така да јаде јастози и да лови риба.