1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човек за реализација

Клаус Кастан26 февруари 2009

Американскиот пратеник за Блискиот исток, Џорџ Мичел, денеска (26.02.2009) треба да ја почне својата втора посредничка мисија. Со неговото назначување, САД имаат намера да преземат поактивна улога во регионот.

https://p.dw.com/p/H1Rh
Фотографија: AP / DW

Новиот американски претседател, Барак Обама, веднаш на почетокот од неговиот мандат испрати две позитивни пораки кон Израел и муслиманскиот свет. Во насока на Тел Авив, Обама рече: „Америка се чувствува одговорна за безбедноста на Израел и ние секогаш ќе го поддржуваме правото на Израел да се брани од заканите. Хамас со години исфрлаше илјадници ракети врз недолжните израелски граѓани. Ниту една демократија не може да толерира ваква опасност за својот народ.“

А, кога Обама, во едно интервју за телевизијата Ал Арабија, кое привлече огромно внимание, се обрати до муслиманските групи, се разбира дека предвид ги имаше и Палестинците, како во оваа изјава: „Мојата задача во однос на муслиманскиот свет е на луѓето да им се каже дека Американците не се нивни непријатели. Понекогаш правиме грешки и не сме перфектни, но едно е сигурно - ние не сме родени како колонијална сила. Нема ниту една разумна причина зошто не би можеле да воспоставиме еднаква почит и еднакво партнерство, какво што имавме едни за други пред 20 или 30 години. Впрочем, луѓето не треба да ценат според она што го зборувам, туку според моите дела.“

Symbolbild Obama Iran Irak Israel Nahost
Барак Обама со „нов ветер“ во односите со земјите од Блискиот истокФотографија: AP/DW

Мултилатерален стил на Обама

Тоа се нови тонови од Вашингтон, кои не се слушаа во последните осум години од владеењето на администрацијата на Буш. Сунер Кегептај од институтот во Вашингтон кој се занимава со политиката кон Блискиот исток, вака ја оценува политиката на владата на Обама кон овој регион: „Стилот на Обама е мултилатерален. Пред да донесе решение, тој ќе се консултира со партнерите, ќе ги слушне мислењата на останатите влади, дури и на непријателски земји како Иран или Сирија. Тоа се главните разлики во споредба со порано.“

Во Вашингтон со голема скепса се гледа на идната улога на Бенјамин Нетанјаху. Едно од предизборните ветувања на политичарот на десничарската партија „Ликуд“ беше дека Голанската висорамнина не треба да и‘ се враќа на Сирија. Притоа, Дамаск би можел да одигра една од клучните улоги са смирување на конфликтот. Но, предуслов за тоа е на сирискиот претседател, Башар ал-Асад нешто да му се понуди, а дел од тоа, се разбира, е враќање на Голанската висорамнина, која Израел ја окупираше по шестдневната војна во 1967 година и, во меѓувреме, ја анектираше. „ Доколку долгорочно се успее да се прекине сојузот меѓу Сирија и Иран, и Сирија полека се сврти на страната на САД, тоа би имало влијание и врз Либан. Тоа би било важно, зашто Сирија стои целосно зад Хезболах. Освен тоа, последица на сето тоа, кога станува збор за блискоисточниот конфликт, би било враќање на Сирија во кампот на умерените - Јордан и Египет. Тоа би била најзначајната промена, што американската политика би можела да ја постигне во наредните месеци“, вели Кегептај.

Benjamin Netanyahu George Mitchell
Џорџ Мичел и Бенјамин НетанјахуФотографија: AP

Човекот што сето тоа треба да го реализира се вика Џорџ Мичел. Тој е долго време активен на Блискиот исток. По изборите во Израел и отрезнувачките резултати, Мичел изјави: „Ќе соработуваме со секоја влада“.