1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човечки факел

16 јануари 2004
https://p.dw.com/p/Af2G
На 16 јануари 1969 година во Прага се запали студентот Јан Палах - со тоа протестираше против пасивноста на неговите сограѓани во однос на влегувањето на трупите од Варшавскиот пакт во земјата. Кога тенковите во август 1968 година ја задушија "Прашката пролет" - обидот да се реформира социјализмот . Самозапалувањето на Јан Палах беше очајнички протест против тоа. Тој почина неколку денови подоцна во болница. Кристоф Шефер потсетува на чешкиот студент:

16 јануари 1969 година, четврток. На пладне околу три часот, пред Националниот музеј на плоштадот Венцел, гореше еден човек. Дваесетгодишниот студент Јан Палах се поли со бензин и се запали.

Јарослава Мосерова тогаш беше лекарка и екпсерт за луѓето со изгореници. Кога младиот маж - речиси целосен изгорен беше донесен во болицата, веднаш и беше јасно дека зад тоа се крие политички мотив.

" Сите бевме многу несреќни, не само заради него. Се разбира дека ни беше жал, што еден млад човек мораше да умре. Тој мораше да умре немаше надеж. Но сите бевме потресени од целата ситуација на народот."

Половина година пред тоа трупите од Варшавскиот пакт навлегоа во Чехословачка, ја задушија " Прашката пролет", а со тоа насилно заврши "Социјализмот со човечко лице". Но Јан Палалх со своето самозапалување не сакаше да протестира само против инвазијтата вели Јарослава Мосерова:

" Тоа беше чин против деморализирањто, кое започна тогаш. Тоа беше најлошото што човек можеже да го поднесе. "

Палах живееше уште три дена под страшни болки, а беше и сослушан, еден исечок од разговорите со Јан сепак е зачуван.

" Зошто го стори тоа" сака да знае психијатарката

" За да ги разбудам луѓето" одговара Палах

" Уште колкумина планираат самозапалување и кога ќе престанете со тоа?"

"Кога ќе заврши цензурата и кога вестите ќе бидат слободно презентирани. "

Режимот се обидуваше да наметне дека Јан Палах беше психички болен, но Јарослава Мосерова, лекарката која ги помина последните денови со него, знае дека Палах при полна свест ја одбра оваа форма на протест.

Низ годините потоа годишнината од самозапалувањето на Јан Палах беше повод за демонстрации. Денеска насекаде во земјата се именуваат плоштади, улици па дури и училишта по него, а на плоштадот Венцел спомен плоча го означува местото каде пред 35 години Јан Палах се претвори во "Факел на слободата".