1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Чуркин: по 10 декември прашањето за Косово ќе се врати во Советот за безбедност

20 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bhit

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека за 10 декември не треба да се зборува како за краен датум за завршување на преговорите за статусото на Косово. Чуркин нагласи дека 10 декамври е датумот кога прашањето за Косово ќе се врати во Советот за безбедност и ќе се разгледа извештајот. Ако страните дотогаш дојдат до взаемно прифатливо решени Советот за безбедност може да го одобри, ако не според Чуркин треба да се даде импулс за да се продолжи да се водат сериозни преговори.