1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шанси за соживот

28 септември 2006

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле денеска во Берлин даде владина изјава за почетокот на првата германска исламска конференција,Разговорите на неа од двете страни вчера беа означени за успешни.Шојбле изјави дека тие биле отворени,иако во одредени прашања биле јасни разликите.

https://p.dw.com/p/Ac2s
Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле
Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг ШојблеФотографија: picture alliance /dpa

Еден ден по почетокот на Германската исламска конференција,германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле енергично се изјасни за интеграција на муслиманите во земјата.Исламот мора да го најде своето место во сојузната држава, чиј поредок носи печат на христијанството,изјави Шојбле во својата владина изјава во Бундестагот по повод вчерашната конференција.

Правилата за заеднички соживот ќе важат за сите,тие се обврзувачки за секого,а не е можно пазарење со уставот,рече министерот,подвлекувајќи:муслиманите треба да сватат дека се добредојдени во Германија.Тие уште одамна не се повеќе странци,туку дел од општеството.Шојбле апелираше до повеќе од трите милиони муслимани кои живеат во Германија да ја прифатат шансата.По три генерации од доселувањето тие се дел од Германија и дел од Европа.

Шојбле вчерашната исламска конференција ја означи како успешен почеток на дијалогот кој ќе трае две години.Но,тука нема да се води консенсуална дебата,туку ќе се дискутира за контраверзните теми.Министерот Шојбле истовремено укажа и на потешкотиите во процесот на интеграција:

„Тоа ќе биде,како што веќе реков,еден трновит пат,и за муслиманите и за државата.Но,само во плурално соочување имаме шанса да најдеме решенија, исламот како може да се развие во нашата отворена,слободарска и плуралистичка демократија.“

Шојбле извлече генерален позитивен биланс од вчерашната средба :

„Се надевам дека ќе успееме со исламската конференција не само да најдеме практични решенија туку да постигнеме поголемо разбирање и симпатија во земјата,повеќе мириљубивост,толеранција и пред се комуникација.“

На вчерашната прва седница на исламската конференција инаку учествуваа 15 претставници од државата и 15 од муслиманите кои живеат во Германија.