1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шапекоенсе прогласен за првак на Копа Судамерикана

БГ
6 декември 2016

Јужноамериканската фудбалска федерација го прогласи тимот на Шапекоенсе за победник на Копа Судамерикана, по авионската несреќа во која настрадаа мнозинството играчи и членови на стручниот штаб

https://p.dw.com/p/2Tnwk
Brasilien Chapeco Fans Trauer Spieler Chapecoense
Фотографија: Reuters/P. Whitaker

Прогласувањето на победникот дојде по барање на Атлетико Насионал, колумбискиот тим против кој Шапекоенсе требаше да го игра финалето во второто по јачина континентално натпреварување во Јужна Америка.

КОНМЕБОЛ соопшти дека Атлетико Насионал ќе добие специјална награда за фер-плеј како признание за „вниманието и почитта“ која клубот му ја покажа на Шапекоенсе по несреќата.

Авионската несреќа ги однесе животите на 71 лице, меѓу нив и 19 играчи и членовите на стручниот штаб на бразилскиот фудбалски тим. Само шест луѓе ја преживеаја несреќата, од нив тројца играчи на Шапекоенсе, еден новинар и двајца членови на екипажот. Истрагата досега покажа дека авионот најверојатно се урнал поради недостаток на гориво. Одговорноста за тоа му се префрла на капетанот на летот кој самостојно одлучил да ја прелета рутата без дополнување гориво.

Шапекоенсе прогласен за првак на Копа Судамерикана