1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шврговски: нема кривична одговорност за Црвенковски

БГ/миа/макфакс5 јуни 2012

Македонскиот јавен обвинител денеска соопшти дека документот чија содржина екс-шефот на државата ја објави преку медиумите нема карактер на државна тајна.

https://p.dw.com/p/158E2
Фотографија: Petr Stojanovski

Документот што лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски го презентираше во емисијата Х/О на Канал 5 е класифициран како строго доверлив, а не како државна тајна и поради тоа тој нема кривично да одговара.
Државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски пред почетокот на денешната седница на Советот на јавни обвинители изјави дека официјалните информации кои што ги добиле од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во врска со објавените документи за предлог за решавање на прашањето за името од 2005 година, „зборуваат дека се работи за писмо кое што има карактер на строго доверливо“.
„На тој начин имателот на информацијата која што ја пласира на Канал 5 телевизија, за него нормално отпаѓа можноста да биде кривично гонет бидејќи Кривичниот законик не го санкционира актот кој што има степен на класификација ’строго доверливо’ како кривично дело“, рече Шврговски.
На прашањето дали ќе се истражува за документот објавен од МИА, тој рече дека тоа е прашање за Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
„Мислам дека таа сега ги истражува тие моменти. Во Законот за класифицирани информации постојат само прекршочни, а не и казнени одредби. Со прекршочните одредби е сакционирана одговорноста и на правното и на одговорното лице доколку како имател на информација истите ги пласира во јавноста“, истакна Шврговски и додаде дека тука за обвинителството повеќе нема работа.