1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шест години од Рамковниот договор - дебата за иднината

Александар Чомовски31 август 2007

На денешната тркалезна маса „Дијалози на иднината“ што ја организираше македонскиот претседател уште еднаш се потврди дека Охридскиот договор ја спречи поделбата на Македонија и ја однесе пред портите на ЕУ и НАТО.

https://p.dw.com/p/BaAi
Во Скопје се дебаираше за „Дијалози на иднината“Фотографија: Petar Stojanovski

Рамковниот договор беше најдоброто политичко решение кое ја спречи граѓанската војна, етничката поделба на Македонија. Главнината од него е реализирана. Некои од овие оценки на македонскиот претседател Бранко Црвенковски беа оспорувани или амортизирани - Јас тврдам дека главната опасност во имплементацијата на Охридскиот Рамковен договор беше таа што дури и дел од потписниците не стоеја зад него искрено и се обидуваа да го опструираат. - рече Црвенковски

Актулениот шеф на државата Бранко Црвенковски како лидер на Социјалдемократскиот сојуз пред шест години беше потписник на Рамковниот договор.

Владеечкиот двоец, премиерот Никола Груевски и лидерот на ДПА, Мендух Тачи го игнорираа денешното дебатирање. Беа присутни актуелниот лидер на СДСМ и на ДУИ.

Кога зборував дека сум Македонец, ми велеа дека моја татковина е Албанија. Емотивно, но сепак остро настапи Али Ахмети. Албанците со 25 проценти од составот на државата не се малцинство во Македонија, да престанеме политичките проблеми да ги решаваме преку нишан или со комплекси. Во програмата на ДУИ, не е изборот на Влада по етнички клуч, но постапките на Груевски при формирањето на неговиот кабинет не навредија кажа Ахмети. - Тетовскиот универзитет, симболите, употребата на албанскиот јазик, децентрализацијата, не се надминување на Рамковниот договор. Со нив и со политичкиот договор и дијалог и етничката толеранција стигнавме до вратите на ЕУ и НАТО. - кажа Ахмети

За професорот Љубомир Фрчковски еден од експертите на разговорите во Охрид околу идната платформа на политичките состојби во Македонија по воениот конфликт, сочуван е сепак унитарниот карактер на Македонија, но не се избегнати сите замки пред се’ партизацијата при вработувањето на Албанците, или можноста од јазична федерализација. - Во договорот се разреши дека ако немавме таков договор и таков конфликт на едно место и во еден концентриран облик, истото, практично суштинските решенија на Македонија ќе и беа наметнати низ процесот на Европската интеграција до моментот на интегрирање. рече Фрчковски

Со дел од ставовите на Љубомир Фрчковски, а особено со оние на Али Ахмети спореше индиректно професорот Билјана Ванковска - Мислам дека се соочуваме со еволуција, мислам дека таа е во тек и мислам ќе се однесуваме како нојот, ако ја бутнеме главата во песок и ако кажеме не, ова е совршено решение, туку сме при крај со негова импелемнтација и потоа ќе си живееме среќно и весело. Јас мислам дека федерализацијата е веќе опција на маса, само што тоа не сака некој јавно да го каже. - рече професорт Ванковска и сепак нагласи дека шест години по Рамковниот договор едвај еден процент од анкетираните мислат дека меѓуетничките односи се најважен приоритет во државата.

Со свои ставови настапи и Радмила Шеќеринска - Веќе созреа во Македонија идејата дека не треба да се плашиме од екстензивна можност да се употребува албанскиот јазик од страна на граѓаните на Република Македонија, мислам дека со тоа веќе малку луѓе, малку граѓани имаат проблем. Меѓутоа мислам дека кај дел од партиите можеби и кај ДУИ, и кај ДПА и кај ПДП од време на време провејува овој симболичкиот пристап. Им треба јазикот не за да им помогнат на граѓните етнички Албанци да добијат сервиси на свој јазик туку тој да се официјализира на повисоко ниво.- рече Шеќеринска

На третата рунда дијалози за иднианта, беа присутни се помалку учесници и експерти, активни политичари, денеска одвај шестмина.